fbpx
Таг: банки

таг: банки

Блокирани сметките на 79.811 граѓани и 28.352 фирми, има благо намалување од претходно

Дури 108.163 граѓани и фирми заклучно со септември, минатата година имале блокирани сметки во банките, покажуваат податоците на Народната банка. Од вкупната бројка, 79.811 се физички лица, а 28.352 се правни лица. Иако во текот на 2018 година има благо намалување на бројот на блокирани граѓани и фирми, забележливо е дека од 2015 година наваму односно веќе трета година по...

Бруто девизните резерви ја надминаа границата од 2,8 милијарди евра

На 31 декември 2018 година, состојбата на бруто девизните резерви изнесува 2.867 милиони евра, што претставува пораст од 158,1 милион евра во однос на крајот на третиот квартал од 2018 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Зголемувањето на девизните резерви во најголем дел произлегува од интервенциите на НБРМ на девизниот пазар во насока на нето-откуп на девизи, а во помал...

Заев најави поврат на ДДВ до 15 проценти за граѓаните од 1 јули 2019

Премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју за „24 вести“ , во однос на економијата рече дека очекува 2019 да биде економска година за Македонија. Неговите проценки се дека домашниот бруто-производ (БДП) ќе расте во последните два квартала и очекува да продолжи да расте до најавените пет проценти до крајот на мандатот. Оптимизмот го правда со отворените интеграции и регионалната соработка. Заев посочи на...

Банките остварија рекордна добивка од 124 милиони евра за девет месеци

Банките во Македонија заклучно со септември, годинава остварија добивка по оданочување во износ од 7,6 милијарди денари или 124 милиони евра, што е зголемување за 70 отсто во споредба со првите девет месеци од минатата година и највисок профит на банкарскиот сектор во историјата на земјава. Од Народната банка во најновиот Извештај за ризиците во банкарскиот сектор во третиот квартал...

НБРМ: Нефункционалните кредити на историско најниско ниво од пет проценти

И во третото тримесечје од годинава, банкарскиот систем ја задржа својата стабилност велат од Народна банка по одржувањето на редовната седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во третиот квартал од 2018 година. „Според податоците и согледбите презентирани во Извештајот, во текот на првите девет месеци од 2018 година, банките остварија позитивен финансиски резултат од работењето....

Стотина илјади штедачи не сакаат обесштетување од пропаднатите банки

Фондот за осигурување депозити не може да обесштети 101.909 штедачи кои ги чувале парите во банките и штедилниците за кои во изминативе години бил отворен стечај или ликвидација. Вкупната пресметана обврска за обесштетување на штедачите во 11 банки и штедилници кои биле членки на Фондот, а потоа згаснале изнесувала 1,5 милијарди денари. Од 1997 година до 31.12.2017 година се обесштетени...

Владата ќе го чисти токсичниот отпад во ОХИС со странска поддршка

Министрите на вчерашната владина седница ја прифатиле информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење на дворните површини на...

Ангеловска-Бежоска на Конференцијата за европска економска интеграција во Виена

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ќе учествува на Конференцијата за европска економска интеграција, која што по петнаесетти пат ја организира Австриската централна банка. Оваа конференција важи за еден од најзначајните настани во централнобанкарската заедница на кои што традиционално се дискутира за прашања клучни за европската економија. Годинешново издание на Конференцијата, која денеска и утре се одржува во Виена, е...

Банкарите бараат одложување на оданочување на каматите од депозитите до влез во ЕУ

Македонската банкарска асоцијација бара одложување на оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за од 2020 година, до влезот на земјата во ЕУ. Ова е заклучокот од седницата на Собрането на оваа асоцијација на која биле разгледани предложените законски измени што се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните. -Ставот на Македонската банкарска асоцијација е дека нивната...

Даночните измени ќе удрат по штедачите, земјоделците, берзанските играчи, банките

  Министерството за финансии го објави предлог-законот за данок на личен доход со кој се воведува прогресивен наместо рамен данок кај повеќе категории обврзници односно се воведуваат големи промени во стапката на оданочувањето на различни видови доход кај граѓаните. Иако оттаму укажуваат дека станува збор за воведување праведен данок кој ќе ги опфати само лицата со високи примања, одредбите во...

Ангеловска – Бежоска: Граѓаните негуваат култура на штедење во банкарскиот сектор

Имајќи ги предвид сите придобивки на штедењето, задоволство ми е што можам да констатирам дека македонските граѓани негуваат култура на штедење во банкарскиот сектор, рече денеска гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска на свеченоста по повод Светскиот ден на штедењето (31 октомври), организирана од Македонската банкарска асоцијација. - Во последните 10 години, вкупните депозити  растат со стапка од околу осум проценти, во...

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на УЈП во сметките на граѓаните

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во сметките на граѓаните, информираат тие преку соопштение. Во него велат дека уште на крајот на мај годинава тие дале негативно мислење, дека предложените измени на Законот за банки не се усогласени со Законот за заштита на личните податоци. „Предложените законски решенија не се во согласност...

НБРМ: Финансискиот систем е стабилен, банките добро работат

Советот на Народната банка денеска одржал редовната седница на која била разгледан и усвоен Извештајот за финансиската стабилност во 2017 година, информираат од таму. Притоа било констатирано дека македонскиот финансиски систем, лани работл во поповолно опкружување споредено со 2016 година. „Банките остануваат најзначајниот фактор за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем и на одделните финансиски институции. Лани немаше позначителни промени...

Фирмите ќе можат да користат 100 милиони евра од ЕИБ на есен

100 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка ќе им станат достапни на малите и средни претпријатија, на есен информираат од Министерство за финансии. Од таму додаваат дека министерството изготвило Закон за гаранција, кој ќе се најде денес на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието. „Откако Собранието ќе го усвои законот, ќе се потпише договор помеѓу...

Доверителите на „Агрокор“ го прифатија договорот со руските банки и спречија банкрот

Доверителите на хрватскиот холдинг „Агрокор“ го одoбрија договорот за надмирување на долговите, во што ќе се вклучат руските банки  „Сбербанк“ и “„ВТБ“, кои ќе преземат 46 отсто од акциите. На овој начин, ќе се избегне банкрот на најголемата компанија на Западен Балкан во која има вработени 60.000 лица и учествува со 15 проценти во домашниот бруто-производ (БДП) на Хрватска. Холдингот „Агрокор“...

НБРМ: Успешно заврши конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура

Денеска, успешно заврши 11. конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, насловена како „Време е за дигитализација“, организирана од Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија, информираат од таму. „Изминативе три дена, во Охрид, претставници од 21 централна банка од регионот на Западна, Централна и Источна Европа, Заедницата на независни држави, Блискиот Исток и Северна Африка, како и претставници...

„Агрокор“ ќе продолжи со работа по 15 јули, постигнат договор со две руски банки

Претседателот на Хрватската стопанска комора, Лука Буриловиќ изјави денеска дека е постигната спогодба со две руските банки за концернот „Агрокор“, што ќе и овозможи на компанијата непречено да продолжи да работи од 15 јули оваа година. Буриловиќ истакнал дека договорот ќе биде реализиран на 15 јули, бидејќи тогаш престанува да важи „лекс специјалис“ за „Агрокор“. - Најважно е дека е постигнат договор...

Пластифицирани пари од 10 и 50 денари ќе се пуштат во употреба, книжните се повлекуваат

Народна банка ќе пушти во оптек книжни пари изработени од полимер (пластифицирани), во апоени од 10 и 50 денари, информираат од таму. „Истовремено беше донесена и одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари кои што се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа...

Богов: Банките можат да ја поддржат економијата, потребни се добри проекти

Банкарскиот и финансискиот сектор се стабилни, така што банките се подготвени да испорачаат кредити, оцени гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, по завршувањето средбата на Комитетот за финансиска стабилност. - Системските ризици се минимални и сето тоа упатува дека особено банкарскиот сектор е добро капитализиран, високо ликвиден и подготвен да ја поддржи македонската економија. Неопходно е да се...

НБРМ: Економијата закрепна во последниот квартал од 2017 година

По падот на економската активноста во првата половина на 2017 година, последното тримесечје покажува закрепнување на економијата, соопштуваат од Народна банка. „На ваква констатација посочуваат податоците за активноста во индустријата и во трговијата, додека градежната активност продолжи да се намалува.Податоците за инфлацијата за 2017 година покажуваат просечен годишен пораст на ценовното ниво од 1,4 проценти, кој се должи на растот на...

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...