fbpx

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка, малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со која се мери еколошкиот импакт, општествените придонеси и корпоративното управување на една компанија

-

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со која се мери еколошкиот импакт, општествените придонеси и корпоративното управување на едно претпријатие.

Недостигот на податоци во врска со ЕСГ ја намалува способноста на банките ефикасно да управуваат со климатските ризици при нивното инвестирањето и го поткопува ефективниот надзор, заклучува истражувањето на ЕИБ, насловено „Позеленување на финансискиот сектор: Централна, источна и југоисточна европска перспектива“.

Во извештајот се нагласува дека големите корпорации во Европската унија успешно се адаптираа на робусните барања за обелоденување на потребните податоци и ги исполнуваат зголемените барања на стандардите за ЕСГ.

„Извештајот ја нагласува критичната улога на финансискиот сектор во поттикнувањето на транзицијата кон поодржлива економија и постигнувањето на целите на ЕУ за зелена транзиција. Координираните напори за отклучување на потенцијалот за одржливо финансирање во регионите на ЦИЈИЕ се клучни за поттикнување на одржливиот развој“, вели Амброиз Фајол, потпретседател на ЕИБ.

Препорака на извештајот е локалните подружници во странска сопственост да станат катализатори во развојот на одржливи финансии, пресликувајќи ги најдобрите практики на нивните матични земји, осигурувајќи се дека матичните банки ги применуваат своите рамки за управување со ризик врз подружниците.

Дополнително, во извештајот се нагласува потребата од силен надзор и стрес-тестирање на активностите на банките поврзани со климатските ризици.

Дополнително, се истакнува на потребата на преминување на обновливи извори во секторот на производство на електрична енергија. На пример, уделот на обновливите извори во побарувачката на електрична енергија треба да се зголеми од околу 30 отсто денес на 50 отсто до 2030 година и на 75 до 85 отсто до 2050 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...