fbpx

Ангеловска-Бежоска на Конференцијата за европска економска интеграција во Виена

-

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ќе учествува на Конференцијата за европска економска интеграција, која што по петнаесетти пат ја организира Австриската централна банка.

Оваа конференција важи за еден од најзначајните настани во централнобанкарската заедница на кои што традиционално се дискутира за прашања клучни за европската економија. Годинешново издание на Конференцијата, која денеска и утре се одржува во Виена, е со тема „Како да се финансира кохезијата во Европа“.

Гувернери и други високи претставници на повеќе централни банки, професори и истражувачи на реномирани универзитети и истражувачки центри, како и претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и организации ќе дискутираат за тоа како може финансиските текови да ѝ помогнат на Европската унија во промовирањето економска, социјална и територијална кохезија и солидарност меѓу земјите членки.

„На панел-дискусијата на која говорник ќе биде гувернерката на НБРМ, акцентот ќе биде ставен на улогата на монетарната политика во ова приближување. Своите видувања на оваа тема, покрај гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе ги изложат и гувернерите на централните банки на Романија и Бугарија. Во рамки на Конференцијата ќе се дискутира и за други прашања важни за европската економија, меѓу кои се и прашањата дали и како да се запре деиндустријализацијата во ЦИЈИЕ и во еврозоната. Гувернерката Ангеловска-Бежоска, која меѓу говорниците на Конференцијата е и единствениот висок претставник на институција на земја којашто не е членка на ЕУ, активно ќе се вклучи и во дискусијата за некои од овие прашања“, се вели во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...