среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: гувернер | 34 резултати

Гувернерот Прицкер ја оспорува заканата на Трамп за испраќање војници во Чикаго

26 август 2025

Гувернерот Џ.Б. Прицкер од Илиноис има порака до претседателот Трамп: Држете ја војската подалеку од Чикаго, пренесува Њујорк Тајмс. Прицкер, демократ, стоеше покрај реката Чикаго во понеделник попладне, придружуван од градоначалникот Брендон Џонсон од Чикаго, пастори, бизнис лидери и организатори на заедницата, за да се спротивстави на непромислената изјава на  Трамп дека ќе ја испрати […]

Трамп тестира до каде оди неговата моќ, ја отпушти гувернерката Кук бидејќи земала два станбени кредити

26 август 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ја отпушта гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук, поради наводни неправилности при добивање хипотекарни кредити. Во јавноста, потегот на Трамп се оценува како чекор без преседан што би можел да ги тестира границите на претседателската моќ над независното тело за монетарна политика, доколку биде оспорено на суд. Трамп […]

Камала Харис изјави дека нема да се кандидира за гувернер на Калифорнија

30 јули 2025

Камала Харис, поранешната потпретседателка и претседателски кандидат на демократите во 2024 година, во среда објави дека нема да се кандидира за гувернер на Калифорнија – долгоочекувана одлука што ја остава отворена трката за водење на најголемата држава во САД, пренесува Гардијан. „Засега, моето лидерство – и јавната служба – нема да бидат на избрана функција“, […]

Славески бара од банките да ги намалат провизиите, НБРМ ќе го направи првиот чекор

25 јуни 2025

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки на Македонската банкарска асоцијација (МБА), презентираше сет конкретни предлози за намалување или укинување на надоместоците за платежни услуги што ги плаќаат граѓаните и компаниите. Народната банка, како што истакна Славески, ќе го направи првиот чекор преку намалување […]

Славески ја презеде функцијата гувернер на Народна банка

30 мај 2025

Трајко Славески од денеска е гувернер на Народната банка. Тој ја презеде функцијата од досегашната гувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска. Ангеловска-Бежоска истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни светски предизвици. „Таа изрази благодарност до вработените во Народната банка за нивната исклучителна посветеност, професионалност […]

Трајко Славески избран за гувернер на Народната банка

29 мај 2025

Синоќа пред полноќ, Собранието на Република Северна Македонија го избра Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. За неговиот избор гласаа 68 пратеници, додека 16 беа против. Дебатата во Собранието ги подели мнозинството и опозицијата. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја нагласија стручноста на Славески и неговиот придонес во економските реформи, додека од СДСМ и други […]

Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка

22 мај 2025

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, официјално го достави до Собранието предлогот Трајко Славески да биде новиот гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Во образложението на предлогот се истакнува дека изборот е резултат на внимателна проценка базирана врз стручност, компетентност, интегритет и реална можност за именување, при што беше потенцирано дека сите разгледани кандидати […]

Бројката на жртви од пожарите на Хаваи се искачи на 67 лица

12 август 2023

Во големите шумски пожари што го опфатија хавајскиот остров Мауи досега загинале 67 луѓе, но се очекува бројката да расте, јави Си-ен-ен. Гувернерот на сојузната држава Хаваи Џош Грин рече оти се очекува дека траурната бројка ќе расте. Тој објасни дека најголемиот дел од загинатите ги загубиле животите на отворено, а не во нивните домови. […]

Над 30 загинати и 100 повредени во ракетен напад, Зеленски: Ова е зло кое нема граници

8 април 2022

Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 беа ранети во руски ракетен напад врз железничка станица во источна Украина во петокот, додека цивилите се обидуваа да се евакуираат во побезбедните делови на земјата, соопшти државната железничка компанија, пренесе агенцијата Ројтерс. Според информациите добиени од Украинските железници ракетите погодиле станица во градот Краматорск, која се […]

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, поднесе оставка поради обвинувањата за сексуално злоставување

11 август 2021

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо (63), вчера поднесе оставка од функцијата, откако истрагата утврдила дека сексуално злоставувал и воземирувал повеќе жени. Куомо ќе ја напушти функцијата за 14 дена отсега. Откако Куомо, еден од поистакнатите членови на Демократската партија ќе се повлече, мандатот ќе го преземезаменик-гувернерката Кети Хочул, демократ, која воедно ќе […]

Приоритет на гувернерите на Хрватска и Македонија е зајакнување на финансиската стабилност на регионот

8 ноември 2019

Наш заеднички приоритет е секојдневно зајакнување на финансиската стабилност на нашиот регион и затоа заеднички работиме и ќе работиме на тоа во рамки на нашиот мандат. Ова го истакнаа гувернерката на Народната банка,  Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ на првиот дел од нивната средба денеска во Скопје. Вујчиќ пристигна во […]

Ангеловска-Бежоска на Конференцијата за европска економска интеграција во Виена

26 ноември 2018

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ќе учествува на Конференцијата за европска економска интеграција, која што по петнаесетти пат ја организира Австриската централна банка. Оваа конференција важи за еден од најзначајните настани во централнобанкарската заедница на кои што традиционално се дискутира за прашања клучни за европската економија. Годинешново издание на Конференцијата, која денеска и утре […]

Ангеловска Бежоска ќе положи заклетва пред Џафери, па ќе ја прими должноста од Богов

22 мај 2018

Новата гувернерка на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежоска денеска во 9.30 часот ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Охридска сала. Потоа, во Народна банка, по прес-конференцијата во 11 часот, ќе има примопредавање на должноста со досегашниот гувернер Димитар Богов. Анита Ангеловска-Бежоска вчера беше едногласно изгласана за гувернерка во Собранието […]

Анита Ангеловска – Бежоска едногласно избрана за гувернерка на НБРМ

21 мај 2018

Од 81 пратеник што гласаа, сите беа за назначување на д-р Анита Ангеловска – Бежоска за нова гувернерка на Народна банка на Република Македонија. Таа веќе осум години беше вицегувернерка на НБРМ. На денешната 46-та собраниска седница, координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Тунтев и Драган Данев, со многу пофални зборови […]

Предлогот за именување на гувернер ставен на денешната 46. седница

21 мај 2018

Предлог за именување гувернер на Народната банка е ставен како претпоследна, 39 точка на дневниот ред на 46. собраниска седница. Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат, се откажа од кандидатурата по реакциите и полемиките во јавноста за негов повторен избор. Ангеловска Бежоска […]

Мандатот на Богов истекува денеска, на седницата нема точка за избор на гувернер

21 мај 2018

Мандатот на гувернерот Димитар Богов истекува денеска, на Собрание е закажана 46. седница од 11 часот, но на дневен ред ја нема точката за избор на гувернер. Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат, се откажа од кандидатурата по реакциите и полемиките во јавноста […]

Иванов ја предложил Анита Ангеловска – Бежоска за нов гувернер на Народна банка

16 мај 2018

Откако Димитар Богов ја повлече кандидатурата за гувернер, претседателот Ѓорге Иванов ја предложил вицегувернерката Анита Ангеловска – Бежоска за нов гувернер на Народната банка и предлогот го доставил до Собранието, потврдија од кабинетот на Иванов за МИА. Претседателот Иванов смета дека актуелната вицегувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на […]

Богов ја повлече кандидатурата за гувернер на Народна банка

16 мај 2018

На четири дена од истекот на мандатот, гувернерот на Народна банка, Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за втор мандат и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувренерски мандат. Во пишаната изјава за МИА, Богов посочува дека со внимание ја следел дебатата во јавноста поврзана со предлогот по […]

Иванов и Заев се согласиле единствено дека НБРМ не смее да се остави без гувернер

7 мај 2018

Народната банка не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вилата Водно која се одржа на барање на премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов гувернер на НБРМ. […]

Заев и Иванов денеска ќе разговараат околу предлогот за нов гувернер на НБМ

7 мај 2018

На барање на премиерот Зоран Заев, денеска ќе се одржи втора средба со претседателот Ѓорге Иванов за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка. – Верувам дека по пат на кохабитацијата и дијалогот кој што го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на […]

Страна 1 од 2