fbpx

Бруто девизните резерви ја надминаа границата од 2,8 милијарди евра

-

На 31 декември 2018 година, состојбата на бруто девизните резерви изнесува 2.867 милиони евра, што претставува пораст од 158,1 милион евра во однос на крајот на третиот квартал од 2018 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Зголемувањето на девизните резерви во најголем дел произлегува од интервенциите на НБРМ на девизниот пазар во насока на нето-откуп на девизи, а во помал дел и од ценовни и курсни разлики. Останатите текови имаа поумерено влијание врз промените кај девизните резерви во последното тримесечје“, се вели во извештајот.

Во последното тримесечје од 2018 година, на девизниот пазар на банките е остварена нето-продажба на девизи од 22 милиона евра, што е помалку за 19,5 милиони евра од истиот период од претходната година.

„Ваквата годишна промена се должи на повисокиот пораст на понудата во однос на побарувачката на девизи. Секторската анализа покажува дека ваквите поместувања во најголем дел произлегуваат од пониската нето-продажба на фирмите, а во помал обем од повисокиот нето-откуп од менувачниците“, информираат од НБРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...