fbpx

Стотина илјади штедачи не сакаат обесштетување од пропаднатите банки

-

Фондот за осигурување депозити не може да обесштети 101.909 штедачи кои ги чувале парите во банките и штедилниците за кои во изминативе години бил отворен стечај или ликвидација. Вкупната пресметана обврска за обесштетување на штедачите во 11 банки и штедилници кои биле членки на Фондот, а потоа згаснале изнесувала 1,5 милијарди денари.

Од 1997 година до 31.12.2017 година се обесштетени вкупно 20.042 штедачи во вкупен износ од 1,3 милијарди денари што претставува 90,05 отсто исплатени обврски од Фондот за обесштетување кон штедачите. Останатите 9,95 отсто претставуваат обврска за обесштетување во вкупен износ од 151,4 милиони денари или околу 2,5 милиони евра кон 101.909 штедачи кои од лични причини не го оствариле своето право на обесштетување од Фондот.

„Анализата на структурата на овие штедачи укажува дека над 50 отсто од нив имаат поединечни депозити – предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици за можноста да го остварат своето право на обесштетување сепак истото не го остваруваат“, велат од Фондот.

Според законската регулатива, Фондот за осигурување на депозити во случај на настанување на ризичен настан врши обесштетување до 30.000 евра во денарска противвредност по депонент, во банка, филијала на странска банка или штедилница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...