Триесет учебници чекаат печатење

-

Триесетина учебници по предмети од основното и средното стручно образование, треба да се испечатат и наскоро да им се поделат на учениците, информираат за „Мета“ во Педагошката служба при Министерството за образование и наука. Оттаму појаснуваат дека се работи за дополнување на тиражот поради недостиг на книги во училиштата.

– На почетокот на годината имавме проблем со доцнење на учебниците. Тоа што сè уште не е дистрибуирано, е заради тоа што сме во фаза на јавна набавка за печатење, на учебниците по општообразовни предмети кои веќе ги има во електронска форма. Се работи за дополна на тираж, односно учебниците постојат, но недостасуваат примероци. Се работи за учебници по околу 30 наставни предмети, ако се земе предвид фактот дека по девет се во една година – информира директорката Вања Велева.

Во Педагошката служба додаваат и дека во тек е подготовка на учебникот по општество за четврто одделение.

Инаку на почетокот на оваа учебна година, беа направени корекции на 22 учебници за основно и за средно образование: учебници по природни науки од 1 до 6 одделение,  математика од 1 до 9 одделение, биологија од 7 до 9, хемија 8 и 9 одделение, како и учебниците по физика за 8 и 9 одделение.

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од...