Инспекторите минатата седмица со 3.086 надзори, изрекле дури 150 мерки

-

Шесте инспекциски служби во надлежност на Инспекцискиот совет во периодот од 27 април до 3 мај направиле 3.086 надзори за почитувањето на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот Ковид-19, и притоа се изречени речиси 150 мерки или опомени, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Притоа, пазарните инспектори затвориле 4 угостителски објекти во Битола, Тетово, Кочани и Кичево, запечатиле 5 банкомати, а изречени се 48 опомени за неносење маски во трговски објекти или банки.

Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство изрекле 5 казнени мерки за едукација и дури 12 решенија за општа хигиенска состојба или неводење записи за хигиенската практика.

Државниот инспекторат за труд извршил 158 контроли и донел 27 решенија и 47 укажувања за работодавачи, во врска со ослободувањето од работа на на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронички болни.

Инспекторатот за транспорт немал сериозни забелешки, додека Државниот здравствен и санитарен инспекторат, спровел вкупно 134 надзори во приватни и јавни здравствени установи, како и домови за стари лица, заради проверка за почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од корона вирусот.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...