Банките со рекордни профити, странци го собираат кајмакот

-

Банкарскиот систем во земјава лани остварил добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната година е зголемување за 27,4 отсто, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка.

Најголема причина да бидат задоволни од ваквите резултати се сопствениците на банките, од кои мнозинство се акционери од странство. Во земјава, единаесет банки се во сопственост на странски акционери, а има и шест подружници на странски банки.

„Во банкарскиот систем преовладуваат банките во претежна сопственост на странски акционери, и тоа во сите поважни билансни позиции. Нивната доминација е најизразена кај кредитната активност (80 отсто) и кај финансискиот резултат (76,5 отсто)“, се вели во извештајот на Народната банка.

Според земјата на потекло на странските акционери, највисоко учество имаат акционерите од Грција и Словенија, чие учество во вкупниот капитал и резерви изнесува 19,5 отсто и 14,8 отсто.

Од Народната банка објаснуваат дека гледано на ниво на банкарски систем, подобрувањето на показателите за профитабилноста во 2018 година е значително, но доколку се преточи на микро ниво, видливи се изразени разлики помеѓу одделните банки.

„Така, две банки остварија поврат на капиталот и на средствата што се повисоки во однос на банкарскиот систем, кај три банки остварувањата се на ниво на системот, додека девет банки работеа профитабилно, но со резултати под нивото на банкарскиот систем. Само една банка ја заврши годината со загуба од работењето. Ваквите остварувања упатуваат на потреба од преструктурирање на помалку профитабилните банки заради поефикасно ангажирање на капиталот и на средствата за да обезбедат нивна долгорочна стабилност и одржливост. Друга можност е преку консолидација и окрупнување на домашниот банкарски сектор што, според теоретските и емпириски истражувања, позитивно се одразува врз успешноста во работењето преку ползување на придобивките од економијата од обем и ефектот на синергија од спојување на комплементарни операции“, се вели во извештајот на Народната банка.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...