fbpx

Конкуренцијата ги тера банките да ги намалуваат каматите на кредитите

-

Олеснување на кредитните услови за граѓаните има во третото тримесечје од 2019 година, кое е поизразенo во споредба со претходните три месеци, покажуваат податоците од најновата анкета за кредитната активност на Народната банка. Од факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити, конкуренцијата од другите банки и натаму е фактор со најизразено влијание врз олеснувањето на условите за одобрување на кредитите на домаќинствата, кое е посилно кај станбените кредити отколку кај потрошувачките.

Според анкетатата, олеснување на условите се забележува и кај станбените кредити и кај потрошувачките кредити.

„Имено, кај станбените кредити, околу 59 отсто од банките укажуваат на олеснување на кредитните услови, што е највисок процент на банки во последниве пет години. Кај потрошувачките кредити, околу една третина од банките укажуваат на нето-олеснување на условите за кредитирање, но и натаму најголем дел од банките упатуваат на непроменети услови“, вечат од Народна банка.

Оттаму укажуваат дека олеснувањето на кредитните услови во третото тримесечје е согласно со очекувањата на банките дадени во претходната анкета, но со значително поголема динамика.

За четвртиот квартал од 2019 година банките и натаму очекуваат нето-олеснување на кредитните услови, кое е поизразено споредено со претходната анкета. Според согледувањата на банките за конкретните кредитни услови, оценетото олеснување во поголем дел произлегува од каматната стапка кај двата типа кредити на домаќинства, при што значително е поизразено кај станбените кредити. Така, околу 60 отсто од банките укажуваат на намалување на каматната стапка на станбените кредити, додека кај потрошувачките кредити, една третина од банките се определиле во оваа насока.

Од аспект на влијанието на промените на монетарната политика врз каматната политика на банките при одобрувањето кредити на домаќинствата, и натаму е поголем процентот од банките (73 отсто) коишто одговориле дека промените во монетарната политика незначително влијаеле врз нивната каматна политика.

Притоа, 10 отсто се изјасниле дека монетарната политика има делумно влијание, додека 17 отсто од банките укажуваат дека промените на монетарната политика немале влијание врз нивната политика на одредување каматни стапки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...