АНАЛИЗА: Банките ги заострија кредитните услови, фирмите и граѓаните воздржани за нови задолжувања

При одобрување на кредити за населението, најголем фактор според 100 отсто од банкарите имаат приходите на клиентот, 97 отсто сметаат дека на второ место е бонитетот, а 88,1 отсто дека важна е вредноста на хипотеката

-

Дури 80 отсто од директорите на големите банки оценуваат дека висината на каматата на кредитите е еден од условите што се смениле во поглед на одобрувањето кредити, а 24,6 отсто изјавиле дека во изминатите месеци е намалена побарувачката за кредити од страна на малите и средни фирми, пишува Порталб.мк.

Банкарите оценуваат дека во следниот период ќе има олабавување на кредитните услови и благо зголемување на побарувачката.

Кредитирањето на фирмите

Сите банки го следеа сигналот на Народната банка – ја заострија кредитната политика. Најновата анкета на НБРСМ покажува дека банкарите го „затегнаа ременот“ во поглед на кредитирањето, пред се преку зголемување на каматите на кредитите. Сите банки во оваа анкета потврдиле дека монетарната политика влијаела за промена на кредитните услови.

Ваквите одговори се очекувани во услови кога граѓаните и фирмите ги исплатија и првите рати за поскапените кредити. Повисоките камати ја забавија побарувачката на кредити од страна на претпријатијата. Прогнозите на банкарите укажуваат на натамошно заострување на кредитните услови за фирмите, а со оглед на веќе намаленото кредитирање, во вториот квартал банкарите очекуваат мало зголемување на побарувачката на кредити.

„За вториот квартал од 2023 година, се очекува минимално нето заострување на кредитните услови за одобрување корпоративни кредити. За вториот квартал од 2023 година, банките очекуваат умерено нето-зголемување на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата“, се наведува во анкетата на НБМ.

При одобрување на кредити за фирми, 100 отсто од директорите на големите банки дале оценка за важноста на следниве критериуми при одобрување на кредити на фирми: познавање на клиентот, бонитет на фирмата, капитална моќ, приходи и квалитет на проект.

Значителни 44,5 отсто од водечките големи банки во овој втор квартал очекуваат зголемување на побарувачката на кредити од страна на компаниите.

Кредитирањето на населението

Годинава започна со заострени кредитни услови и за граѓаните, но во овој тековен втор квартал, банкарите очекуваат мало олабавување на условите за кредитирање. Дали тоа ќе се случи со оглед на натамошното заострување на монетарната политика, ќе покаже следната нова анкета. Поголемо заострување на кредитните услови имаше за потрошувачките и за станбените кредити, кои се и најбарани од страна на населението.

Во услови на воздржана побарувачка за кредити, банките се во лов на клиенти, па така конкуренцијата меѓу банките во понудата за кредитирање стана еден од позначајните фактори во изминатиот период.

„Конкуренцијата од другите банки и натаму е главниот фактор којшто придонесува за нето-олеснување на кредитните услови и кај станбените и кај потрошувачките кредити“, се наведува во Анкетата.

При одобрување на кредити за населението, најголем фактор според 100 отсто од банкарите имаат приходите на клиентот, 97 отсто сметаат дека на второ место е бонитетот, а 88,1 отсто дека важна е вредноста на хипотеката.

Речиси половина, или 44,4 отсто, од банкарите изјавиле дека побарувачката за кредити изминатиот период од страна на населението е делумно намалена, а 55 отсто дека во основа е непроменета.

Заклучно со првиот квартал, корпоративниот сектор (фирмите) за кредити должеле 3,9 милијарди евра, додека домаќинствата 3,5 милијарди евра. Порталб.мк веќе објави анализа за зголемувањето на каматите за кредити, како последица на заострување на монетарната политика, а токму зголемените камати се еден од основните фактори за заострување на кредитните услови и за забавување на побарувачката за кредити. Според проценките на економистите, претпазливата монетарна политика ќе доминира и во текот на оваа 2023 година поради сè уште присутните инфлаторни притисоци.

ИзворПорталб

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...