Европската централна банка со предупредување до банките за можни кибер-напади од руските хакери

-

Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди банките дека се можни кибер-напади од руски хакери во периодот на ескалација на тензиите со Украина, јавува Ројтерс. ЕЦБ ги подготвува европските банки за евентуален кипернапад спонзориран од Русија, додека се зголемуваат тензиите во врска со украинскиот конфликт.

Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери кои стравуваат од инвазија која ќе му наштети на целиот регион. Затоа ЕЦБ, на чело со поранешната француска министерка Кристин Лагард, која ги надгледува најголемите европски кредитори, е во состојба на готовност поради заканата од кибернапади преземени од Русија.

Додека европскиот регулатор досега беше фокусиран на обичните измами што цветаа за време на пандемијата, украинската криза го насочи неговото внимание кон кибер-нападите започнати од Русија, при што ЕЦБ ги испрашува банките за нивната одбрана.

ЕЦБ, која го издвои решавањето на ранливоста на сајбер безбедноста како еден од своите приоритети, одбила да коментира за агенцијата Ројтерс..

Спорот меѓу Русија и Украина ги потресе европските политички и деловни лидери, кои стравуваат од инвазија која ќе нанесе штета на целиот регион.

Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон се префрли од Москва во Киев во обид да дејствува како посредник откако Русија стационираше околу 100.000 војници на руско-украинската граница и во Белорусија.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...