fbpx

Велешанката Пале Илоска ја чека правдата во мрак и студ, струјата ѝ е исклучена додека издржува куќен притвор

-

Младата велешанка Пале Илоска додека го чека судењето за убиството на својот невенчан сопруг во куќен притвор од вчера остана без струја во својот дом.

Фејсбук страницата „Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство“ сношти објави апел за помош преку кој се бара од граѓаните да ѝ помогнат на велешанката. Како што велат, за помалку од 24 часа успеале да соберат 27.000 денари за да ја платат сметката за струја на младата велешанка Пале. Остануваат уште 13.000 денари за да се плати вкупниот долг кон ЕВН.

„Поради неплатена сметка и долг од 40 илјади денари, оваа жртва на повеќегодишно насилство се грее на плинска греалка и газиена ламба. Бидејќи ја издржува мерката куќен притвор, таа не може да заработува и да сервисира месечни режиски трошоци“, нагласуваат од Националната мрежа.

Случајот на 23-годишната велешанката Пале Илоска, која лани со нож го усмрти својот невенчан сопруг А.Р., предизвика остри реакции од органзациите за заштина на човековите права и правата на жените откако против неа обвинителството во Велес поднесе обвинителен предлог дека извршила убиство.

Од Хелсиншкиот комитет, Платформата за родова еднаквост , Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Мрежата за заштита од дискриминација сметаат станува збор за акт на самоодбрана, односно за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство на миг“.

„Пале Илоска е жртва која се борела за здив, која била физички малтретирана и претепана во критичниот момент и директно и бил загрозен животот, па оттука постојат јасни индиции дека не е сторено кривично дело согласно чл.125 од КЗ „убиство во миг”, туку во овој случај станува збор за примена на институтот „нужна одбрана” согласно чл.9 од КЗ. Имено институтот на нужна одбрана е составен од два дела – напад и одбрана. Во конкретниот случај одбраната била преземена во истиот момент кога бил и нападот и таа е сразмерна на нападот, не се пречекорени границите на одбраната, па со што се исполнети елементите на самиот институт – нужна одбрана, кој не дозволува лицето да биде гонето за кривично дело“, посочија здруженијата кои бараат ОЈО Велес да го повлече обвинителниот предлог и судот да донесе одбивателна пресуда.

Роднините на 23-годишната иницираа и онлајн петиција за нејзино ослободување која до сега има преку 3400 потписи.

„Поранешните сопруги на А.Р. имале каде да се вратат, кај своите родители, а мојата братучедка останува сама, заробена во својата куќа. Никогаш досега се нема пожалено на никој дека е малтретирана, а притоа секогаш беше насмеана. Замислете со што сама се справувала. Не го поддржувам тоа што го направи, ама верувам дека секој човек би се борел за сопствениот живот“, напиша братучетката на Илоска која ја отвори онлајн петицијата за ослободување на притворената.

Насилството врз жените, вклучително и феноменот на семејно насилство како најгруба форма на кршење на човековите права беше тема на повеќе активности за време на минатогодишната кампања  „16 дена активизам против родово базирано насилство“ – Не молчи. Не трај. Стави крај кога УНДП објави и детален извештај според кој загрижувачки факт е дека жените иако подолг период се жртви на насилство тоа не го пријавуваат иако за време на пандемијата со ковид-19 зголемено е семејното насилство на ниво на држава за 8 до 10 проценти.

Слични резултати покажа и анализата Жените во време на пандемија на Нексус граѓански концепт според која само 0.7 отсто од жените одговориле дека пријавуваат семејно насилство во полиција само кога животот им е загрозен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...