недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: украински конфликт | 47 резултати

Руски воздушен напад уништи училиште во Житомир, НАТО предупредува дека Русија користи касетни бомби

март 4, 2022

Во центарот на Житомир, град во северозападниот дел на Украина, руски воздушен напад ја уништи зградата на училиштето бр.25, соопштија украинските власти. „Беше лансиран проектил или бомба. Информациите за жртвите ќе бидат објавени подоцна. Всушност, половина од училиштето беше уништено. Спасувачките операции се во тек“, рече градоначалникот на Житомир, Серхиј Сухомлин во своето видео обраќање, […]

Со порака „не на војната“, вработените на една од последните независни телевизии во Русија се збогуваа од публиката

март 4, 2022

Eдна од ретките независни телевизии „ТВ Дожд“ ја емитуваа својата последна програма пред колективно да се збогуваат и да се одјават, симболично, со емитување на Лебедовото езеро. Вработените на „ТВ Дожд“ вчера, на крај од вечерните вести, се собраа околу водителите, кои порачаа „не на војната“, пред сите заедно да заминат. Преносот траеше и додека […]

Русија суспендирана од меѓународни натпревари, познатите брендови ги прекинуваат врските со земјата

март 3, 2022

Низа познати брендови се повлекуваат од Русија изминатава недела, меѓу кои и филмски студија, технолошки компании и производители на автомобили и облека, по руската инвазија на Украина. Стриминг платформата „Нетфликс“ објави дека паузира со сите идни проекти во Русија, соопштувајќи дека го проценува влијанието на актуелните случувања во Украина. Снимањето на серијата на руски јазик […]

Згоеноста кај најмладите е централна тема во најновата епизода на „Шорткат“

март 3, 2022

Проблемот со прекумерната телесна тежина кај најмладите е главната тема во новата епизода на „Шорткат“. Покрај за неа, во емисијата можете да ги погледнете најзначајните делови од онлајн-дебатата што ја одржа Фондацијата Метаморфозис во понеделникот на тема „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“, како и резултатите од истражувањето за […]

Русија се соочува со истрага за воени злосторства, младите Руси протестираат против војната

март 3, 2022

Покрената е истрага за можни воени злосторства во Украина, откако Русија беше обвинета за бомбардирање цивили, објави Би-Би-Си. Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд рече дека се собираат докази за наводни воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Ваквиот потег на судот доаѓа откако 39 земји побараа да се отвори истрага. Градовите, вклучително и главниот […]

Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите

март 3, 2022

Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви. Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои […]

Санкциите кон Русија: крешендо

март 3, 2022

За една седмица Европската унија во три наврати (на 23, 25 и 28 февруари 2022) воведуваше нови санкции или ги менуваше постојните санкции кон Русија. Тие претходно беа најавувани на високо ниво, па се создаде и конфузија околу тоа за кои санкции се преговара, а кои се веќе во сила. Покрај внатрешните договарања, ЕУ ги […]

Украинци лежат пред руски воени возила пред најголемата нуклеарна централа во земјата

март 2, 2022

Најголемата нуклеарна централа во Украина е под контрола на руските сили, соопшти денеска, Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информациите добиени од Москва, пренесе Би-Би-Си. Според МААЕ, тие се повикуваат на официјално писмо од Москва, во кое до Агенцијата стигнало известување во кое се наведува дека нуклеарната централа […]

Харков опкружен и бомбардиран, Борис Џонсон вели дека потсетува на трагедијата на Сараево

март 2, 2022

Најмалку 21 цивил е убиен, а 112 се ранети во изминативе 24 часа поради руските гранатирања на украинскиот град Харков, јавуваат светските медиуми. Погодени се владини, но и бројни цивилни објекти во градот. Вториот по големина град во Украина брои 1,5 милиони жители и веќе со денови е опкружен од руските воени сили, јавува Гардијан. […]

Османи: Семејството со новорoденче од Харков е евакуирано во посебен безбедносен коридор

март 1, 2022

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напушти Украина, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. „Тие се на безбедно и се […]

Ковачевски на средба со Борис Џонсон: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

март 1, 2022

Лидерите од земјите на Западен Балкан вчера остварија средба со британскиот премиер Борис Џонсон и британската министерка за надворешни работи Лиз Трас. Официјален Лондон ја потврдил посветеноста на Обединетото Кралство кон регионот, додека лидерите се согласиле дека заеднички одговор е потребен како одговор на нападите врз Украина, напиша на Твитер амбасадорката на Обединетото Кралство во […]

Русија го затвори своето небо за прелети од 36 држави

февруари 28, 2022

Русија воведе реципроцитет кон дел од земјите кои одлучија да го затворат својот воздушен простор за прелети на руски авиони. „Во согласност со нормите на меѓународното право, како одговор на забраната на европските држави дека обавувањето на летовите на цивилните авиони со кои управуваат руските авиопревозници и/или се регистрирани во Русија , воведено е ограничување […]

Во Русија ограничен пристапот кон социјалната мрежа Твитер

февруари 28, 2022

Во некои делови од Русија пристапот на корисниците кон социјалната мрежа Твитер е ограничен, потврдуваат за Би-би-си од компанијата. „Свесни сме дека Твитер претрпува рестрикции и го ограничува пристапот за некои корисници во Русија и работиме на тоа да ги задржиме нашите услуги безбедни и достапни“, велат од компанијата во изјавата за британскиот медиум. Компанијата […]

Пендаровски на вонреден Самит на НАТО: Потребно е Алијансата да го покаже своето единство

февруари 25, 2022

Претседателот Стево Пендаровски попладнево учествуваше на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади, на којшто се разговараше за безбедносната ситуација во и околу Украина. Во своето обраќање на состанокот, претседателот Пендаровски потенцираше дека во овој критичен момент за меѓународниот правен поредок, за мирот и за безбедноста на Европа, потребно […]

Финска размислува за членство во НАТО, дели граница со Русија од над 1.300 километри

февруари 25, 2022

Финската премиерка Сана Марин во националниот парламент изјави дека размислува за членство во НАТО, доколку тоа е потребно за финската национална безбедност. Таа додаде дека војна од поголем обем денеска е многу поверојатна по подолг историски период. За почетокот на нападот на Русија врз Украина, премиерката Марин рече дека акцијата ќе има долгорочни последици по […]

Османи: Нашите дипломати и неколку граѓани во Киев се во скривница, се обидуваме да ги евакуираме

февруари 25, 2022

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција по повод посетата на неговиот српски колега Никола Селаковиќ, соопшти дека постојано е во контакт со нашата амбасада во Киев, како и со наши граѓани кои се обидуваат да заминат од Украина. „Ние сме во комуникација со нашата амбасада. За жал, ситуацијата не е добра, […]

Пендаровски: Најранлива точка за руско влијание на Западен Балкан е Бања Лука

февруари 25, 2022

„Неспорно е дека македонскиот народ има симпатии кон Русија поради религијата, јазиците и словенскиот етникум. Она што мене ме загрижува е дека во политичка смисла етничките Македонци се вртат кон политичките ставови на Русија. Особено загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија, а некои од партиите […]

Во Киев влегуваат руски војници и тенкови, досега погодени 33 цивилни цели

февруари 25, 2022

Од рано утрово руската војска, која што 24 часа претходно ја почна агресијата на Украина, испалуваше ракети на главниот град Киев, а војници и колони руски тенкови неколку часа потоа почнаа да навлегуваат во градот. Како што извести заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, нападите со ракети врз Киев почнале околу 4 часот по […]

Зеленски: Јас сум им главна цел на Русите, но немам намера да го напуштам Киев

февруари 25, 2022

И американскиот Стејт департмент, но и самиот украински претседател Володимир Зеленски утрово изјавија дека главна цел на руската агресија врз Украина е лично тој. Зеленски изјави дека нема намера да го напушта Киев и информираше дека се наоѓа во некој од владините објекти во градот, јавува Би-Би-Си. Украинскиот претседател во видео порака објавена на социјалните […]

Бајден: Путин е агресор, ја почна оваа војна и тој и Русија ќе платат за тоа

февруари 24, 2022

Нема да влеземе во конфликт со Русија во Украина, но ќе воведеме дополнителни силни санкции и нови ограничувања за тоа што може да се извезе во Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Тој информираше дека наредил распоредување на дополнителни сили во земјите од источното крило на НАТО, така што 7.000 американски војници ќе заминат во […]

Страна 1 од 3