fbpx
Таг: украински конфликт

таг: украински конфликт

Пендаровски: Најранлива точка за руско влијание на Западен Балкан е Бања Лука

„Неспорно е дека македонскиот народ има симпатии кон Русија поради религијата, јазиците и словенскиот етникум. Она што мене ме загрижува е дека во политичка смисла етничките Македонци се вртат кон политичките ставови на Русија. Особено загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија, а некои од партиите се предоминантно за оваа...

Во Киев влегуваат руски војници и тенкови, досега погодени 33 цивилни цели

Од рано утрово руската војска, која што 24 часа претходно ја почна агресијата на Украина, испалуваше ракети на главниот град Киев, а војници и колони руски тенкови неколку часа потоа почнаа да навлегуваат во градот. Како што извести заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, нападите со ракети врз Киев почнале околу 4 часот по локално време (5 часот по...

Зеленски: Јас сум им главна цел на Русите, но немам намера да го напуштам Киев

И американскиот Стејт департмент, но и самиот украински претседател Володимир Зеленски утрово изјавија дека главна цел на руската агресија врз Украина е лично тој. Зеленски изјави дека нема намера да го напушта Киев и информираше дека се наоѓа во некој од владините објекти во градот, јавува Би-Би-Си. Украинскиот претседател во видео порака објавена на социјалните мрежи додаде дека има информации...

Бајден: Путин е агресор, ја почна оваа војна и тој и Русија ќе платат за тоа

Нема да влеземе во конфликт со Русија во Украина, но ќе воведеме дополнителни силни санкции и нови ограничувања за тоа што може да се извезе во Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Тој информираше дека наредил распоредување на дополнителни сили во земјите од источното крило на НАТО, така што 7.000 американски војници ќе заминат во балтичките земји, како и...

Гутереш до Путин: Во име на човештвото, вратете ги вашите сили назад во Русија

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Антонио Гутереш апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги запре своите сили, додавајќи дека рускиот напад на Украина е најтажниот момент во неговиот петогодишен мандат. „Претседателу Путин, запрете ги вашите сили од нападот на Украина. Дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе загинаа“, изјави тој отворајќи ја итната седница на Советот за...

Западот со серија на санкции кон Русија откако ги признаа двете пара-држави Донецк и Луганск

САД, Велика Британија, Европската Унија, Јапонија, Канада и Австралија ги објавија најновите санкции кон Русија откако рускиот претседател Владимир Путин се одлучи да ги признае двете пара-држави Донецк и Луганск и да испрати војници во двата отцепени региони од Украина, јавува Ројтерс. ЕУ воведе санкции кон 27 руски индивидуи и организации, вклучувајќи и банки. Санкции се воведени и кон 351...

Обединетото Кралство со санкции кон руски банки и олигарси по вчерашниот потег на Москва

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска информираше дека Обединетото Кралство воведува санкции против пет руски банки и тројца олигарси, јавува Индипендент. Целиот имот што го имаат во Обединетото Кралство ќе биде замрзнат, додека на поединци ќе им биде забранет нивниот влез. Станува збор за банките Росија, ИС Банк, Џенерал Банк, Промсвјазбанк и Црноморска банка за трговија и развој, додека под санкции...

Канцеларот Шолц по потегот на Москва: Гасоводот „Северен поток-2“ ќе биде запрен

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека проектот за гасоводот „Северен поток-2“ нема да биде сертифициран од Германија по најновиот потег на Русија да го признае суверенитетот на двете пара-држави (Народните републики Донецк и Луганск), јавува Дојче веле сервисот на англиски јазик. Шолц пред новинарите во Берлин изјави дека Германија презема мерки за да одговори на руските акции во Украина. „Ова звучи...

Украинска амбасада: Изминативе 24 часа се регистрирани 80 прекршувања на огнот

Во текот на изминатите 24 часа, на 20 февруари, Украина регистрирала 80 прекршувања на огнот, од кои 72 биле со употреба на оружје забрането со договорите од Минск, се наведува во соопштението на Украинската амбасада во Скопје, кои вината ја насочуваат кон вооружените формации на Руската Федерација што се наоѓаат на окупираните територии во Донецк и Луганск. „Како резултат на...

Лавров обвинува дека платеници од Балканот се борат во Донбас, Зеленски вели спремни сме за разговори

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ги проверува информациите оти во Косово, Албанија и Босна и Херцеговина се регрутираат платеници што ќе се испратат за борби во Доњецк и Луганск, јавува Радио-телевизија Војводина. Лавров за РТ изјави дека од овие земји се регрутираат и испраќаат сили коишто треба во Донбас да се употребат за да...

Британија и Германија ги повикаа граѓаните да ја напуштат Украина, Русија од Киев повлекува дипломати

Велика Британија и Германија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради стравувањата од можна руска инвазија на земјата, јави германската новинска агенција ДПА. Покрај овие две големи европски земји, САД излегоа со истата препорака и за американските граѓани во Украина, а вакви повици упатија и балтичките земји, Холандија, Саудиска Арабија и други држави, вклучувајќи ја и Северна...

МНР: Македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина

Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Северна Македонија, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава во претстојниот период да избегнуваат патувања во Украина. Дополнително, сите македонски државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата. „Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а...

Пентагон тврди дека дополнителни руски трупи доаѓаат кон границата со Украина

САД објавија дека Русија продолжува да го зголемува бројот на воени сили што се стационираат на границата со Украина, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик.  „Продолжуваме да забележуваме, вклучително и последните 24 часа, дека дополнителен капацитет пристигнува од другите региони на Русија кон границата со Украина и Белорусија“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. „Нема да даваме конкретни бројки, но...

Европската централна банка со предупредување до банките за можни кибер-напади од руските хакери

Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди банките дека се можни кибер-напади од руски хакери во периодот на ескалација на тензиите со Украина, јавува Ројтерс. ЕЦБ ги подготвува европските банки за евентуален кипернапад спонзориран од Русија, додека се зголемуваат тензиите во врска со украинскиот конфликт. Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери кои стравуваат од инвазија која...

Брнз: САД го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

САД заедно со сојузниците и партнерите, ќе ѝ помогнат на Украина да се брани од понатамошна руска агресија, вели американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз во нејзиниот коментар за состојбата со Русија и Украина, којшто денеска е објавен на веб-страницата на Амбасадата на САД во Северна Македонија. „Светот ја следи неиспровоцираната агресија на Русија кон Украина. Активностите на Русија се...

Тинејџерски рок бенд од Украина со песната „Војна“ иницира на мир со Русија

Додека руските трупи се наоѓаат на границата со Украина претставувајќи закана за можна инвазија, тинејџерскиот рок бенд од градот кој се наоѓа на помалку од километар со граничната линија, Авдивка, својот мир го наоѓаат во музиката, пренесува Би-би-си. „Иако многумина мислат дека тука има немири и се пука, Авдивка е многу мирен и убав град“, вели Максим, тапанарот во бендот. Во...

Средба Ковачевски-Столтенберг: Русија да деескалира во Украина и да продолжи дипломатскиот дијалог

Безбедноста на Западен Балкан и ескалацијата на состојбите на границата меѓу Русија и Украина беа главните теми на средбата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека како земјава како сојузник на НАТО се приклучува на апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог во однос...

Николоски: Најголемиот пријател на оваа држава се САД

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21 го искажа неговиот став за украинскиот конфликт. Според него, кога Македонија надворешно-политички не знае што треба да прави, тогаш треба да погледне што прават САД, укажувајќи дека земјава треба да застане на страна на Украина и НАТО. Николоски рече дека воен конфликт не му одговара...

Пендаровски: Ги зајакнавме капацитетите за борба со антизападната пропаганда

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера изјави дека по референдумот и промената на името на државата, антизападната пропаганда е зголемена. Пендаровски рече дека има пропаганда која вели „не ви треба западната алијанса НАТО и Европската Унија“, меѓутоа и дека државата ги има зајакнато своите капацитети за борба против ваквата пропаганда и дека притоа има поддршка од сојузниците од...

Путин ги обвини САД дека ги игнорираат руските безбедносни барања

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД дека се обидуваат да ја вовлечат Русија во војна со Украина, јавува Би-би-си. Тој рече дека целта на САД е да ја употребат конфронтацијата како основа за воведување на дополнителни санкции кон Русија. Исто така, Путин во своето прво обраќање во изминативе недели рече дека САД ги игнорираат руските безбедносни барања во...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...