fbpx

Виза и Мастеркард се повлекуваат од Русија, ограничувања за корисниците на нивните картички

-

Глобалните гиганти во бизнисот со кредитни и дебитни картички Виза и Мастеркард објавија дека ги прекинуваат трансакциите во Русија како резултат на руската инвазија врз Украина, јавува Би-би-си.

Овие два гиганти контролираат над 90 отсто од плаќањата со кредитни и дебитни картички во светот, без територијата на Кина. Сите корисници коишто имаат картички на Виза и Мастеркард од руски банки нема да може да вршат било какви плаќања или повлекувања на средства во странство, додека странските картички нема да функционираат на руска територија.

Од руската национална банка веќе ги предупредија корисниците на картичките дека Виза и Мастеркард издадени од руски банки ќе продолжат нормално да функционираат, но единствено на територијата на Русија и за плаќања на руски онлајн сајтови.

„Принудени сме да дејствуваме по руската неиспровоцирана инвазија на Украина и неприфатливите настани на кои бевме сведоци“, изјави извршниот директор на Виза, Ал Кели.

Од Мастеркард соопштија дека причината за прекинот на услугите е „невидениот карактер на сегашниот конфликт и неизвесното економско опкружување“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...