Ковачевски на средба со Борис Џонсон: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

Извор на фотографија: Твитер профил, Димитар Ковачевски

Лидерите од земјите на Западен Балкан вчера остварија средба со британскиот премиер Борис Џонсон и британската министерка за надворешни работи Лиз Трас. Официјален Лондон ја потврдил посветеноста на Обединетото Кралство кон регионот, додека лидерите се согласиле дека заеднички одговор е потребен како одговор на нападите врз Украина, напиша на Твитер амбасадорката на Обединетото Кралство во Скопје, Рејчел Галовеј.

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со неговиот колега Борис Џонсон, на Твитер напиша дека Обединетото Кралство е наш сојузник во НАТО и наш стратешки партнер.

„Реформските процеси, енергетиката и инфраструктурата остануваат полиња каде британската поддршка е силна и постојана“, напиша премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека при средбата со Борис Џонсон, земјава уште еднаш ја потврдила поддршката за Украина и силната заложба за прекин на воените дејствија.