fbpx

Османи: Семејството со новорoденче од Харков е евакуирано во посебен безбедносен коридор

-

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напушти Украина, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

„Тие се на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје. Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација“, нагласи министерот.

Османи додаде дека МНР ја продолжува соработката со нашите партнери и сојузници во обезбедување на нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина.

Шефот на македонската дипломатија соопшти и дека на границата со Полска, украинските власти не дозволуваат државата да ја напуштат двајца возачи кои превезуваат руска стока со македонски камиони. Тие се затекнале на границата во моментот кога започнала војната, па сега Украинците не дозволуваат камионите со руските продукти да ја напуштат земјата.

На утринскиот брифинг што го одржа министерот рече дека од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и додаде дека се очекува евакуација на уште 20 кои се во Киев, а останатите се во други градови низ Украина.

Помеѓу македонските граѓани кои сè уште се во Украина, Османи посочи дека во Харков во моментов има семејство со новороденче од пет дена кои треба да бидат евакуирани, а кои не биле во можност да одговорат на повикот на МНР за напуштање на земјата, бидејќи чекале термин за породување кој се случил неколку дена пред руската инвазија.

Денеска најмалку 10 лица загинаа во нападот со крстосувачка ракета на централниот плоштад на Харков. Украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот изјави дека ваквиот напад е воено злосторство, односно државен тероризам од страна на Руската Федерација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...