недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: новороденче | 17 резултати

Сиријка и нејзиното новороденче двапати извлекувани од урнатини

февруари 14, 2023

Родилка од Сирија и нејзиното новороденче се под лекарска грижа в болница и во шатор без хуманитарна помош, откако два пати во една седмица се извлекувани од урнатините на нивната куќа во градот Џиндајрис, известува Би-би-си. Дима била во седмиот месец на бременост, кога минатиот понеделник наутро првиот катаклизмичен земјотрес предизвикал уривање на дел од […]

Русија ракетираше породилиште во градот Вилњанск, загина новороденче

ноември 23, 2022

Руските ракетни напади врз украинските градови продолжуваат со несмалено темпо, а изминатава ноќ новороденче во Вилњанск загина откако беше гранатирано породилиштето во овој град од регионот Запорижја, пренесува Гардијан. Украинските регионални власти од Запорижја ги пренесуваат информациите за ракетниот напад, посочувајќи дека ракетите кои паднале врз градската болница го погодиле породилиштето. „Ноќта окупаторите истрелаа огромни […]

Османи: Семејството со новорoденче од Харков е евакуирано во посебен безбедносен коридор

март 1, 2022

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напушти Украина, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. „Тие се на безбедно и се […]

Османи: Околу 50 државјани чекаат на евакуација од Украина

март 1, 2022

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Притоа, од овие граѓани што чекаат евакуација не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информираше на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој рече дека од […]

Вистиномер: Женско бебе од Краков преставено како да е машко бебе од Македонија

февруари 5, 2021

Семејна фотографија од родители и мало бебенце во креветче во болничка соба објавена на Фејсбук страница и претставена како да е изворно од Македонија, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Утрово постанавме родители прв пат после седум години во брак. -Добивме син да ни е жив и здрав -Кој сака нека честита Под оваа објава […]

Ослободителна пресуда за гинеколог од Тетово обвинет за смрт на родилка

ноември 16, 2018

Гинекологот Казимир Копривњак е ослободен од страна на Основниот суд во Тетово по обвинението за тешки дела против здравјето на луѓето, во врска со смртта на 33- годишната родилка Виолета Кировска во август 2015 година. Клучна улога во ваквата одлука имале трите вештачења спроведени од експерти од врвните здравствени установи во земјава, истакна судијата Садула […]

Во Битола првите новороденчиња се машки близначиња, во Куманово и Струга момчиња

јануари 1, 2018

Во Битола ноќеска точно на полноќ се родиле две машки близначиња, и тие се првите бебиња родени во новата година. Како што информираат од Клиничкиот центар – Битола, по нив на свет биле донесени уште 10 новороденчиња. Четири бебиња се родиле на првиот ден од новата 2018 година во Куманово, а првото е машко, родено […]

Шилегов подари 20.000 денари на првото бебе родено во Скопје

јануари 1, 2018

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје“ го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2018 година. Првороденото бебе во Скопје во 2018 година е Теодора, која се родила една минута по полноќ, […]

Првото бебе во Скопје во 2018 година е девојче

јануари 1, 2018

Првото бебе родено во 2018 година во Скопје го здогледало светот во точно 1 минута по полноќ, извести Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје. Станува збор за девојче тешко 3,7 килограми, долго 49 сантиметри, кое е родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар. Среќната мајка е Борјана Радевска од […]

Починала родилка во Тетово, бебето преживеало

септември 30, 2017

Триесетгодишна родилка од селото Желино починала синоќа откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато. Бебето било извадено живо од нејзината утроба. Од Клиничка болница – Тетово велат дека жената имала висок притисок и била донесена во тешка состојба. Лекарите констатирале дека породувањето е веќе почнато и било постапено според медицински […]

Новороденче починало на пат од Куманово кон Клиничкиот центар во Скопје

ноември 24, 2015

Ноќеска во полициската станица Центар, кумановец пријавил дека новороденчето што на свет го донела неговата снаа, починало неколу часа по раѓањето. Како што информираат од МВР, ноќеска, околу 2 часот, во полициската станица Центар во Скопје, 54-годишниот Н.Н. од Куманово пријавил дека во понеделникот вечерта во 22 часот, на одделот за гинекологија во кумановската болница […]

Мртво новороденче пронајдено во тоалет во тетовската болница

ноември 3, 2015

Синоќа, околу 22 часот, дежурен лекар во тетовската болница пријавил дека во тоалетот на интерното одделение пронашол мртво новородено бебе, покриено со пелени, информира полицијата. Јавен обвинител, екипа на тетовската полиција и доктор по судска медицина извршиле увид на местото, а телото на бебето било однесено на одделот за судска медицина. Од полицијата информираат дека […]

Анестезиолозите од гевгелиската болница биле пијани

октомври 26, 2015

Двајцата лекари анестезиолози што биле дел од тимот, кој со оперативен зафат требало да ја породи жената што заедно со новодоренчето почина во гевгелиската болница, биле во алкохолизирана состојба, покажала анализата на крвта, извршена од Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти денеска Јавното обвинителство. Анализата на крвта на двајцата анестезиолози покажала присуство на 1,23, односно 1,75 промили […]

Страна 1 од 1