fbpx

Ослободителна пресуда за гинеколог од Тетово обвинет за смрт на родилка

-

Гинекологот Казимир Копривњак е ослободен од страна на Основниот суд во Тетово по обвинението за тешки дела против здравјето на луѓето, во врска со смртта на 33- годишната родилка Виолета Кировска во август 2015 година. Клучна улога во ваквата одлука имале трите вештачења спроведени од експерти од врвните здравствени установи во земјава, истакна судијата Садула Изаири. Јавното обвинителство најави жалба на пресудата.

Адвокатот на гинекологот, Гоце Ристески, изјави дека ослободителната пресуда била очекувана од нивна страна.

– Ваквата пресуда беше единствена законита и правилна и произлегуваше од обемниот доказен материјал со коишто располагаше судот – рече Ристески.

Милан Ивановски, застапникот на семејството на почината родилка, рече дека не се задоволни од одлуката на судот.

– Ние сè уште сметаме дека постојат доволно материјални докази што укажуваат на голема низа на пропусти при третирањето на починатата, но судот даде верба на вештачењата, иако и таму имаше констатации за пропусти во функционирање на системот. Во вештачењата околу постапката беа наведени ненавремено земање на крвни слики, пропусти во подготовката на операцијата, ненавремено отпочнување на операцијата, а според нас, тука сигурно има моменти што довеле до смрт на починатата – изјави Ивановски.

Тој најави дека ќе поднесат жалба на пресудата до Апелацискиот суд во Гостивар, како и дека ќе се консултираат со Јавното обвинителство.

Славица Михајловска, мајката на починатата родилка, вели дека веќе три години се соочуваат со, како што рече, циркус од страна на сите што учествувале во овој процес.

-Никој не може да нè разубеди дека сè ова не беше лага и еден голем циркус и ова е еден срам за човештвото и за здравството, почнувајќи од сестрите, па сè до вештаците. Без разлика на пресудата, ние сме повеќе од сигурни дека станува збор за убиство на мојата Виолета – рече Михајловска.

Основното јавно обвинителство – Тетово попладнево соопшти дека е незадоволно од донесената пресуда и ќе вложи жалба во законскиот рок.

„Обвинителството цени дека обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар и дека доказите кои беа обезбедени од страна на обвинителството ги докажуваат наводите во обвинителниот акт“, се вели во соопштението.

Виолета Кировска почина на 25 август 2015 година околу една недела по породувањето во тетовската клиничка болница. Во Тетово бил извршен царски рез од страна на Казимир Копривњак, а поради обилното крварење било извршено и вадење на матката. Следеле неколку трансфузии на крв, но и покрај тоа пациентката западнала во хеморагичен шок. Потоа била пренесена на клиниките во Скопје, каде што починала. Нејзиното новороденче почина околу еден месец потоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...