вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: родилка | 31 резултати

Сиријка и нејзиното новороденче двапати извлекувани од урнатини

февруари 14, 2023

Родилка од Сирија и нејзиното новороденче се под лекарска грижа в болница и во шатор без хуманитарна помош, откако два пати во една седмица се извлекувани од урнатините на нивната куќа во градот Џиндајрис, известува Би-би-си. Дима била во седмиот месец на бременост, кога минатиот понеделник наутро првиот катаклизмичен земјотрес предизвикал уривање на дел од […]

МЗ: Почина 26 годишна родилка со тешка здравствена состојба и неконторолирана бременост

ноември 14, 2021

Министерството за здравство со жалење информира дека синоќа на ЈЗУ СБГА „Мајка Тереза“ – Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе. Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. […]

Почина 29-годишна родилка од компликации предизвикани од ковид-19

август 8, 2021

Дваесет и девет годишна родилка е меѓу починатите лица од ковид-19, за кои денеска информираше Министерството за здравство. Жената била примена во болница во тешка состојба. – Пациентката прво се лекувала пет дена во болница во Куманово, а со царски рез во седмиот месец од бременоста е породена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Бебето […]

Филипче: Директорот на болницата во Струга, Мухамед Асани ќе биде разрешен поради случајот со родилката Веапоска

март 17, 2021

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска соопшти дека директорот на болницата во Струга, Мухамед Асани ќе биде разрешен поради случајот со родилката Јалдз Веапоска, на која по породувањето и беа извадени три органи. „Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и во текот на денешниот или на утрешниот ден ќе биде назначен […]

МЗ: Петчлена Комисија ќе утврдува пропусти во болницата во Струга за третманот на родилката Јалдз Веапоска

март 16, 2021

Денеска министерот за здравство Венко Филипче донесе решение за формирање петчлена Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ Општа болница Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Јалдз Веапоска. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба […]

Платформа за родова еднаквост: Бараме детална истрага и одговорност за случајот со родилката Јалдз Веапоска од Дебар

март 16, 2021

Лекарската комора јавно да ги објави имињата на лекарите што биле дел од Комисијата за стручен надзор и да ја извести јавноста со детални информации според кои Лекарската комора не утврдила лекарски пропусти во случајот со родилката Јалдз Веапоска од Дебар, вклучително и за причините зошто се отстранети органите кај пациентката, побара Платформата за родова […]

Вистиномер: Не е точно дека жената ќе се нарекува „родител кој раѓа”

февруари 25, 2021

Фејсбук пост, во којшто е споделен медиумски напис, ја дезинформира јавноста дека се воведуваат нови правила, со кои наместо мајка, жената ќе се нарекува „родител кој раѓа“, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, којашто подолу ја пренесуваме во целост. Во оваа објава, која во моментот на нашата рецензија има над 45 интеракции (реакции, споделувања и […]

Иницијативата на жените од Шуто Оризари побара решавање на случајот со починатата родилка на ГАК

септември 21, 2020

Од Иницијативата на жените од Шуто Оризари повторно алармираат за немањето на матичен гинеколог во Шуто Оризари, како и за квалитетот на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари. Нивната реакција доаѓа по последниот случај со починатата родилка и нејзиното бебе на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. „Ги повикуваме Државниот здравствен и […]

Новозаразени 18, а двајца починати во последното деноноќие

април 8, 2020

Почина родилката позитивна на ковид-19 од Куманово на возраст од 27 години, информираа од Министерството за здравство. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Инаку денешниот биланс е 18 новозаразени во последното деноноќие. Пет пациенти се испишани од Клиниката за инфективни болести и […]

Ослободителна пресуда за гинеколог од Тетово обвинет за смрт на родилка

ноември 16, 2018

Гинекологот Казимир Копривњак е ослободен од страна на Основниот суд во Тетово по обвинението за тешки дела против здравјето на луѓето, во врска со смртта на 33- годишната родилка Виолета Кировска во август 2015 година. Клучна улога во ваквата одлука имале трите вештачења спроведени од експерти од врвните здравствени установи во земјава, истакна судијата Садула […]

По смртта на родилката во Тетово, почина и нејзиното бебе

октомври 4, 2017

Бебето родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало во текот на вчерашниот ден на Детската клиника во Скопје, информира Министерството за здравство. „Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Она […]

Починала родилка во Тетово, бебето преживеало

септември 30, 2017

Триесетгодишна родилка од селото Желино починала синоќа откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато. Бебето било извадено живо од нејзината утроба. Од Клиничка болница – Тетово велат дека жената имала висок притисок и била донесена во тешка состојба. Лекарите констатирале дека породувањето е веќе почнато и било постапено според медицински […]

Почна судскиот процес против тројцата лекари обвинети за смрт на родилка и на бебе

ноември 10, 2016

Во Основниот суд во Велес почна судењето на лекарскиот тим од гевгелиската болница обвинет за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното новороденче, лани во октомври, информира „Дума“. На обвинителната клупа седнаа тројца лекари, двајца гинеколози и еден анестезиолог, обвинети за лекарска грешка поради која настапила смртта кај Кадиева. Судечкиот совет ја ислуша одбраната […]

Гинеколог од Прилеп обвинет за смрт на родилка

септември 5, 2016

Основното јавно обвинителство – Прилеп до надлежниот основен суд поднесе обвинителен предлог против Г.О., лекар специјалист гинеколог- акушер во Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, информираа од обвинителството. На обвинетиот му се става на товар дека сторил тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинителството, тој на 18 февруари годинава, во просториите на болницата, при укажување […]

Обвинителството ги истражува причините за смртта на родилката од Крива Паланка

јуни 16, 2016

Основното јавно обвинителство Куманово почнало предистражна постапка за причините за смртта на 37-годишната родилка од Крива Паланка, која вчера починала откако ѝ се влошила состојбата по породувањето во кумановската општа болница, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, родилката вчера била донесена на одделението за гинекологија и акушерство во кумановската болница, каде по неуспешниот […]

Родилка од Крива Паланка починала во болница во Куманово

јуни 16, 2016

Вчера попладнето поради сè уште неутврдени причини, во кумановската Општа болница починала трудницата С.Демирова (37) од Крива Паланка, веднаш по породувањето. Според полицијата, родилката починала на пат кон Скопје откако поради компликации при породување со царски рез била пратена за скопските клиники. Случајот во полиција бил пријавен во 20.35 часот. Од болницата велат дека со официјален […]

Поднесено обвинение против тројца лекари за смртта на родилката од Гевгелија

мај 3, 2016

Основното јавно обвинителство Велес денеска до судот во Велес поднело обвинение против анестезиолог и двајца лекари специјалисти по гинеколигија за смртта на родилката од Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат од Обвинителството, станува збор за Т.В. – анестезиолог во Општата болница во Гевгелија, В.Ч. и Д.М., двајцата лекари специјалисти по гинеколгија и акушерство во […]

Заврши второто судско рочиште против тетовскиот гинеколог, обвинет за смртта на 33-годишна родилка

април 14, 2016

Во Основниот суд Тетово денеска заврши второто судско рочиште против гинекологот Казимир Копривњак, обвинет за смртта на 33-годишната родилка Виолета Кировска од Тетово. На рочиштетото искази дадоа анестезиолози и хирурзи, вработени во гинеколошкото одделение при Клиничката болница Тетово и во КАРИЛ од Скопје. Сведочеше и сопругот на Кировска. Хирургот Зоран Караџов од скопската КАРИЛ, изјави […]

Гинекологот од Тетово не се чувствува виновен за смртта на родилката Виолета Кировска

април 7, 2016

Лекарот гинеколог Казимир Копривњак, кого Основното јавно обвинителство Тетово го товари за тешки дела против здравјето на луѓето, на денешното прво судско рочиште изјави дека не се чувствува виновен за смртта на 33-годишната Виолета Кировска. Според обвинителниот акт, Копривњак на 19 август минатата година при породувањето на Кировска не ги презел сите превентивни мерки, поради […]

Обвинителството нареди обдукција на телото на починатата родилка во Прилеп

февруари 19, 2016

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, по извршениот увид, наредил обдукција на телото на родилката која ноќеска, неколку часа по породувањето, почина во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, соопшти денеска Јавното обвинителство. Според обвинителството, 20-годишната жена се породила вчера во попладневните часови, а починала ноќеска околу 1.50 часот. „Во текот на вчерашниот ден, […]

Страна 1 од 2