fbpx

Почина родилката која скокна од првиот спрат на ГАК, неколку дена по породувањето

Почина 39-годишната родилка која се породи со прво дете на скопската гинеколошка клиника, откако се фрли од првиот кат на клиниката, четири дена по породувањето

-

Почина 39-годишната родилка која се породи со прво дете на скопската гинеколошка клиника, откако се фрли од првиот кат на клиниката, неколку дена по породувањето.

Родилката починала околу 21 часот вечерва и покрај обидите на лекарите од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) да се изборат за нејзиниот живот.

Жената скокна од првиот кат на клиниката, на 2 јули годинава, а беше примена на ГАК на 28 јуни 2023, во 21.16 часот поради крвавење во последниот триместар од бременоста (36 гестациска недела), по што роди здраво машко дете.

Пред една недела, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), со решение наложи одговорните лица на Клиниката за гинекологија и акушерство да спроведат постапка за утврдување на одговорност од здравствените работници кои докрај не ја спровеле постапката за обезбедување доктор, специјалист по психијатрија за родилката.

„Од извршениот надзор во ГАК констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани“, стоеше во соопштението од ДСЗИ.

Директорката Викторија Јовановска на 3 јули изјави дека бебето што го родила мајката ѝ било прво и дека станувало збор за посакувана бременост.

„Не можам да кажам дали имала историја на психолошки проблеми. Овде на клиниката немала некои посебни проблеми. Не сакала да го дои бебето, но тоа не се случува прв пат кај нас“, рече директорката.

Се бори за живот родилката што скокна од прв кат на Клиниката за гинекологија

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...