fbpx

Турција со пеколни температури – жителите и туристите бегаат по околните острови [фото-вест]

Редакцијата на Мета.мк пренесува дел од атмосферата во Истанбул, каде што голем број жители и туристи деновиве се упатуваат на разладување кон околните острови, чекајќи ред за траект

-

Турција, исто како и многу делови од светот се бори со последиците од климатските промени, со оглед на тоа што и таму се засилува жешкиот топлотен бран. Редакцијата на Мета.мк пренесува дел од атмосферата во Истанбул, каде што голем број жители и туристи деновиве се упатуваат на разладување кон околните острови, чекајќи ред за траект.

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул издаде предупредување во кое се наведува дека температурите во регионот на Мармара би можеле да се искачат 5 – 10 степени Целзиусови над сезонскиот просек. Главниот град Анкара, пак, се очекува да има температури до 35 степени.

Глобалниот пораст на температурите поради климатските промени предизвика серија екстремни топлотни бранови ова лето, активирајќи низа метеоролошки предупредувања. Турција, една од дестинациите омилена за македонските туристи, не беше поштедена од влијанијата на овој временски бран.

Како што може да се види и од фотографиите што ги пренесуваме, во оваа држава се води особена грижа и за бездомните животни во време на летниот период и редовно им се принесува свежа вода и храна.

Турската државна метеоролошка служба предупреди дека термометрите веројатно ќе се искачат и до 43 степени, особено во трите провинции Анталија, Ајдин и Маниса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...