Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето. Во јули и во август може да биде опасно бидејќи може да има развој на поинтензивни грмотевични бури, кои може да бидат доста деструктивни. Тоа е веќе реултат на климатските промени“, потенцира професорот Спиридонов

-

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може веднаш да се навикне на промените, односно му треба адаптација.

Ова за Мета.мк го тврди метеорологот проф. д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет, кој потенцира дека хронично болните, повозрасната популација, но и помладите, ги чувствуваат наглите промени.

Проф. Владимир Спиридонов, Фото: Лична архива

„Овој ладен бран ќе се задржи до почетокот на следната седмица. Ниските температури ќе донесат и врнежи од снег на повисоките планини во Западна Македонија, но не и на пониските места, овошките нема да замрзнат, да не стравуваат земјоделците. Минималните температури ќе бидат над 0, но на повисоките места не се исклучува можноста да има и снег денеска. Веќе од утре ќе се задржи променливо, посвежо време, ќе личи на рана пролет“, вели професорот кој бил и визитинг професор на Универзитетот во Виена.

Како што објаснува тој, една од негативните работи на климатските промени се токму овие временски осцилации.

„Ова што го имаме сега не мора директно да се поврзе со климатските промени. Но, внатре во тие меѓусезонски промени, самиот систем се менува и осцилира, каде ние од стабилна атмосфера, сега имаме поларна маса. Со тоа веќе сме под влијание на друга маса, со повлажни карактеристики, намален притисок и намалени температури. Ова наликува на пролет која треба да биде, но не од аспект на големи осцилации“, додава професорот.

Популацијата кај нас не е навикната во пролет да очекува летни температури или во зима да има есенски температури.

„Да се потсетиме, лани пролетта беше многу влажна, се прашувавме дали ќе одиме на одмор на почетокот на летото. Има и други вакви примери на планетата. Нашиот климатски систем е пореметен, не е навикнат да функционира под вакви влијанија, а тие влијанија се климатски промени настанати како резултат на човекот. Има зголемени емисии на Цо2 во атмосферата, што пак, го менува нејзиниот хемиски состав. Стакленичките гасови, водената пареа и Цо2, дополнително оддаваат топлина насочена кон земјината површина и така настанува процесот на глобално затоплување“, потсетува професорот Спиридонов.

Во втората половина од пролетта, додава професорот, ќе има врнежи.

„За тоа какво ќе биде летото, имаше различни оценки. Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето, а во јули и во август може да биде опасно бидејќи може да има развој на поинтензивни грмотевични бури, кои може да бидат доста деструктивни. Тоа е веќе реултат на климатските промени“, потенцира Спиридонов.

Ладниот бран зафати поголем дел од Европа, вклучително и земјите во регионот. Во изјава за „Н1“, атмосферскиот физичар проф. Бранко Грисогоно, кажа дека иако претходно имало нагли промени на времето, никогаш не се случило температурата да падне од 30 на 6 степени.

„Април е климатолошки најпроменливиот месец во целата година. Тоа е шок за нас бидејќи од летните температури преминавме на температури карактеристични за рана пролет. Последните неколку недели имавме апсолутно натпросечни температури и сега се спуштивме на четири до седум степени под просекот. Тоа се разлики од околу 20 степени и телото го чувствува тоа и е шокантно“, рече професорот Грисогоно, кој предава на загребскиот Природно-математички факултет.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...