fbpx

Се бори за живот родилката што скокна од прв кат на Клиниката за гинекологија

„Детето што жената го родила ѝ е прво. Не можам да кажам дали имала историја на психолошки проблеми. Овде немала некои посебни проблеми. Не сакала да го дои бебето, но тоа не се случува прв пат кај нас. Се работи за посакувана бременост“, вели директорката Викторија Јовановска

-

Триесет и девет годишната пациентка која пред неколку дена се породила на Клиниката за гинекологија, а три дена по породувањето скокнала од првиот кат во обид да се самоубие, е во тешка критична состојба, информира денеска во изјава за медиумите директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска.

„Детето што го родила ѝ е прво. Не можам да кажам дали имала историја на психолошки проблеми. Овде немала некои посебни проблеми. Не сакала да го дои бебето, но тоа не се случува прв пат кај нас. Се работи за посакувана бременост“, појасни директорката.

Таа информира дека по немилиот настан разговарала со директорот на Клиниката за психијатрија, со кого се договориле да доаѓа еднаш неделно психијатар да разговара со мајките и да види каква им е состојбата.

„На сите нас ни треба псхијатар, а не само на породените пациентки“, додаде директорката.

Организициониот директор на Клиниката за гинекологија, д-р Јетон Шаќири, информира дека пациентката на 39-годишна вораст, била примена на Клиниката на 28 јуни во 21:16 часот и заради крварење во 36 недела, е породена на Клиниката.

„Прегледана е во амбуланта утврдено дека се работи за предвремено одлепување на постелката, а тоа го загрозува здравјето и на мајката и бебето. За 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21:30 часот, при што е добиено живо машко дете. Следниот ден се пожалила на вознемиреност, по што е следена согласно дадените препораки. На 1 јули, е без тегоби и со уреден статус. На 2 јули, на утринска визита таа се пожалила на слична симптоматологија на вознемиреност. Разговарале докторите со неа, ординирана е соодветна терапија. Понатаму, од вчера продолжени се дневните активности на дежурната екипа. Ноќта околу 21:30 од нејзината соба се упатила кон ходникот и преку прозорот направила обид за суицид фрлајќи се од првиот кат. Итно е пренесена на Карил, немилиот настан е пријавен во надлежните институции кои излегоа на терен за да се расветли случајот“, рече во изјава за медиумите, директорот Шаќири.

Надлежните на клиниката информираа дека на светско ниво една од 10 породени пациентки имаат психолошко пореметување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК проверува пријавени нерегуларности на изборниот ден во Липково

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница, проверуваат дали бројот на избирачки ливчиња од избирачкото место 1112 во Липково, соодвествува со бројот на гласачи од ова место...