fbpx

Вонреден испекциски надзор на Клиниката за гинекологија

Комисијата е на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. Родилката сè уште е во животозагрозувачка состојба и покрај операцијата по падот

-

По вчерашниот обид за самоубиство на 39-годишната родилка во Клиниката за гинекологија, се извршува вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат, соопшти Министрерство за здравство.

Комисијата е на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. Родилката сè уште е во животозагрозувачка состојба и покрај операцијата по падот.

Директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска вчера појасни дека жената родила машко дете и дека ова ѝ било прва бременост.

„Детето што го родила ѝ е прво. Не можам да кажам дали имала историја на психолошки проблеми. Овде немала некои посебни проблеми. Не сакала да го дои бебето, но тоа не се случува прв пат кај нас. Се работи за посакувана бременост“, појасни директорката Јовановска.

Таа информира дека по немилиот настан разговарала со директорот на Клиниката за психијатрија, со кого се договориле да доаѓа еднаш неделно психијатар да разговара со мајките и да види каква им е состојбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...