Таг: Државен санитарен и здравствен инспекторат
таг: Државен санитарен и здравствен инспекторат
Решенијата за изолација поради ковид-19 ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ
Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 да се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок, одлучи Владата на вчерашната седница.
Надлежните уверуваат дека притоа нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за...
Студенти и административци ќе им помагаат на здравствените власти во справувањето со ковид-19
Студенти по општа медицина и административни службеници ќе бидат прераспределени за изработка на решенијата за изолација и за анкетните листови во државните институции што се борат против ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги посети студентите од шеста година по општа медицина, кои помагаат во изработката на анкетните листови во Институтот за јавно здравје.
Од Министерството за здравство информираат...
Границите отворени за сите, нема задолжително тестирање на ковид-19, нема ниту карантин
Од денеска целосно се отворени сите гранични премини во државата и македонските државјани како и странците можат непречено да влегуваат и да излегуваат од земјата. Нема повеќе задолжително приложување на ПЦР тестови, нема упатување во домашна изолација или во државен карантин. Од денеска се укинува и забраната за организиран превоз на патници, а останува да важи само обврската за...
Седум нови сомнителни случаи на заразени од морбили
Седум нови сомнителни случаи на заболени од морбили се пријавени денеска во Институтот за јавно здравје. Прим. д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот, нагласува дека ова не се регистрирани случаи, туку за нив допрва ќе следат лабораториски анализи и испитувања, а потоа ќе види дали ќе бидат потврдени случаи или не.
- Сомнителните случаи се добиени од Инфективната клиника. Тие...
ДСЗИ: На аџилак во Мека само со примени вакцини
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ги предупредува муслиманите кои ќе патуваат на аџилак во Мека дека според Законот за заштита на населението, ќе мора да патуваат во групи не помали од 40 лица, како и да ги имаат примено соодветни вакцини.
Групите аџии од земјава ќе може да излезат и во неа да влезат само преку скопскиот аеродром и...
ДСЗИ: Четирите деца со диабетес водени според медицината базирана на докази
Дијагнозата за диабетес кај четирите деца кои беа примени во болница во многу лоша состојба е утврдена при влошувањето на состојбата, а претходно немало сомненија за таква состојба. Тоа го соопштија Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Клиниката за детски болести во Скопје, известувајќи за резултатите од вонредните надзори.
Инспекцијата кај матичните лекари на двете деца од Охрид и...
АХВ: Пирошките што затруја свадбари се правени нелегално над објектот на фирмата
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера доцна попладне заплениле 300 килограми смеса за подготовка на пирошки, како и пирошки и јајца, во простории над операторот за храна ДПТУ „Гицов“ ДООЕЛ од Кочани, кој на 25 април беше затворен од страна на АХВ и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по труење на 20-тина лица во Штип...
Отворена бесплатна линија за пријавување здравствени ризици и проблеми со лекувањето
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) отвори бесплатна телефонска линија 0800-25-555, на која во текот на вообичаеното работно време граѓаните ќе може да пријават најразлични неправилности во сферата на надлежности на инспекторатот.
Тоа се однесува на опасност од заразни болести во објекти во објекти кои подлежат на надзор од ДСЗИ, потоа проблеми во објектите за производство и промет на храна....
ВМРО-ДПМНЕ: На директорката на Санитарен инспекторат најважна ѝ е фризурата
На директорката Ирина Сотирова-Бухова очигледно, според снимките во медиумите, најважно ѝ беше како ѝ стои фризурата која неколкупати ја поправаше во текот на кратката и празна изјава, порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на директорката на Државниот санитарен инспекторат, Сотирова-Бухова, и на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска.
Опозициската партија вели дека наодите на инспекторатот укажуваат дека...
Пет лица затруени со храна во гостилница „ДМ“ во Скопје
Пет лица имале труење со храна во гостилницата „ДМ“ во Скопје, соопшти Министерството за здравство откако денеска Центарот за јавно здравје го известило Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека заразното заболување било пријавено од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска извршил вонреден инспекциски надзор во гостилницата „ДМ“, лоцирана на улица Орце Николов,...