fbpx

Границите отворени за сите, нема задолжително тестирање на ковид-19, нема ниту карантин

-

Од денеска целосно се отворени сите гранични премини во државата и македонските државјани како и странците можат непречено да влегуваат и да излегуваат од земјата. Нема повеќе задолжително приложување на ПЦР тестови, нема упатување во домашна изолација или во државен карантин. Од денеска се укинува и забраната за организиран превоз на патници, а останува да важи само обврската за носење заштитна опрема, држење дистанца и честа дезинфекција.

Тоа официјално го соопшти Владата на својата вчерашна седница, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ДЗСИ, испрати соопштение, според кое, на барање на Главниот координативен кризен штаб, престанува важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во земјава со негативен ПЦР тест на ковид-19.

„Се информира јавноста дека ДСЗИ одлучи да се запре извршувањето на сите решенија донесени од овој орган, во периодот од 13 јуни до 25 јуни 2020 година, за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во државата со негативен ПЦР тест на ковид-19 и потпишана изјава. Како и на решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин, со негативен тест по нивното враќање во Македонија, од земја со висок-среден ризик за ковид-19. Спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат“, соопшти ДЗСИ.

Во периодот од 13 јуни заклучно вчерашниот ден кога беше донесена оваа одлука, вкупно 6.185 лица заминале во изолација, а 2.440 потпишале изјави за самоизолација.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски пред три дена изјави дека одлука за отворање на границите не е политичка, односно не е поврзана со претстојните парламентарни избори на 15 јули, а за да може македонските државјани непречено да дојдат и да гласаат. Туку дека е на предлог на Комисијата за заразни болести, а и затоа што речиси сите земји од Европа веќе ги отворија границите за слободен проток на граѓани, стоки и услуги.

Така, се стави крај на многуте мерки и уредби донесени од страна на Владата на почетокот на март, со разгорувањето на пандемијата од корона вирусот. Во првата недела од месец март беше воведена задолжителна домашна изолација на сите лица кои влегуваа од други земји, во траење од 14 денови. Тестот не беше задолжителен за оние кои немаа зголемена температура, при влезот на аеродромите. Казната за  непочитување на мерката беше 2.000 евра по лице. Сомнителните случаи, пак, се праќаа на тестирање во инфективните одделенија на клиниките.

Потоа, на 16 март Владата донесе одлука за затворање на аеродромите и на сите гранични премини во државава за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во земјаваа и за други лица, за кои МВР даваше дозвола, по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб.

А, оние македонски граѓани кои со специјални хуманитарни летови организирани од МНР, се враќаа во Македонија, се стваа во државен карантин во некој од хотелските и други сместувачки капацитети, прво 14 денови, а потоа и 21 ден, и плус дополнителни 14 дена самоизолација во нивните домови.

Владата кон средината на мај ја смени оваа одлука и по предлог на Комисијата за заразни болести, патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, не се упатуваа и на дополнителна домашна самоизолација.

На крајот на мај Владата донесе одлука, лицата кои се враќаат од странство во државата, со хуманитарни летови или конвои, при влезот во земјава задолжително да приложат ПЦР тест за ковид-19, направен во последните 72 часа. А, наместо во задолжителен државен карантин тие се упатуваат во домашна самоизолација 14 денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...