fbpx
Таг: самоизолација

таг: самоизолација

Поради индискиот сој на корона вирусот, Германија од утре со рестрикции за патниците од Велика Британија

Луѓето што ќе допатуваат во Германија од Велика Британија од утре ќе мора да поминат 14 дена во карантин дури и ако имаат негативен тест за корона вирусот. Дополнително, транспортните компании во Германија ќе може да довезуваат само германски државјани. Причината за новите рестрикции е стравувањето од Индискиот сој на корона вирусот, а Германија ја прогласи Велика Британија за земја...

Во Прилеп за два дена има околу 50 нови случаи на ковид-19

Само во последните два дена во Прилеп се евидентирани 50-ина нови случаи на ковид-19. Од Центарот за јавно здравје информираа дека денеска има 25 нови случаи, а вчерашните анализи потврдија присуство на вирусот и кај 24 други граѓани. Утешен е податокот дека во овие два дена оздравеле 22 лица, но активни се вкупно 191 случај, од кои 36 се...

Кризниот штаб во Прилеп утре ќе заседава поради зголемениот број заболени од ковид-19

Во Прилеп енормно расте бројот на заболени од корона вирус. Само во последните 24 часа се евидентирани 15 нови случаи. Поради зголемениот број на новозаразени, утре ќе заседава општинскиот Кризен штаб со којшто раководи градоначалникот Илија Јованоски. „Активни се 77 случаи, а од нив 63 се на домашно, додека 14 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се 173...

Во Прилеп двојно е зголемен бројот на ковид заразени за само 10 дена

За десет дена, двојно е зголемен бројот на заболени од ковид-19 во Прилеп. Според податоците од Центарот за јавно здравје - Прилеп, во последните 24 часа евидентирани се нови 8 лица со коронавирус, а оздравеле само двајца, така што вкупниот број на заболени изнесува 62, во споредба со состојбата на 14 август, кога активни биле 32 случаи. „Во моментов 62...

Светиниколчани заборавени – остануваат по месец и пол во изолација

Во двете општини Свети Николе и Лозово активни се 181 случај на ковид-19, иако значаен дел од нив се повеќе од еден месец во изолација, во исчекување некој да ги тестира и потврди дека повеќе не се позитивни. Брисевите ги земаат вработени во Центарот за јавно здравје во Велес, кои за потребите на жителите на овие две општини, треба...

Министерот Дамјан Манчевски повторно во самоизолација

Министерот за информатичко општество и администрација информираше дека е во самоизолација откако неговиот заменик министер и возач се позитивни на корона вирус. „Откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на ковид-19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација“, напиша синоќа...

Денеска гласаат болните од ковид-19 и лицата во самоизолација

Болните од ковид-19 и граѓаните што се наоѓаат во самоизолација денеска ќе можат да го остварат правото на глас на предвремените парламентарни избори. Денешното гласање ќе се одвива на ист начин како што гласаат болните и немоќни лица, односно избирачките одбори ќе ги посетат домовите на лицата во карантин и самоизолација. Право на глас имаат само оние лица што...

Во ДИК за гласање се пријавиле 697 болни од ковид-19 и лица во самоизолација

За гласање на претстојните парламентарни избори, во Државната изборна комисија (ДИК) до ноќеска на полноќ се пријавиле вкупно 697 болни од ковид-19 и лица во самоизолација. Тие ќе го остварат своето право на глас на 13 јули (понеделник). За гласање на претстојните избори се пријавиле и 9.020 немоќни лица и хронично болни, кои ќе гласаат на 14 јули (вторник). Пријавувањето...

Болните од ковид-19 и лицата во самоизолација имаат рок до полноќ да се пријават за гласање

Фото: Борче Поповски
За да им се овозможи да го остварат своето гласачко право на предвремените парламентарни избори, болните од ковид-19 и лицата што се наоѓаат во самоизолација мора да се пријават до ноќеска на полноќ до Општинските изборни комисии или по електронски пат. На оние граѓани кои ќе се пријават ќе им биде овозможено да гласаат од нивните домови на 13 јули...

Само двајца штипјани во изолација се пријавиле за гласање на 13 јули

Фото: Борче Поповски
Од вкупно 98 лица од Штип кои досега се пријавиле за гласање од дома, само двајца спаѓаат во групата на болни од ковид-19 и на лица во самоизолација. Тие треба да гласаат на првиот изборен ден, на 13 јули, додека следниот ден е определен за гласање на немоќни и болни лица. Ова денеска на прес-конференција го соопшти претседателката на Општинската...

Седум идеи за социјализација што можете да ги направите од дома (видео)

Кика Авеиро во нејзиното ново видео ни дава идеи за поминување на време по дома или во карантин за тие што неодамна се вратени од странство. Видеото можете да го погледнете овде: https://youtu.be/ddE2CahWscI

Болните и немоќните, како и лицата со ковид-19 и во самоизолација, треба да се пријават за гласање до 8 јули

Фото: Борче Поповски
Од денеска па сè до 8 јули, немоќните и болните лица, како и пациентите заболени со ковид-19 и лицата што се во самоизолација, ќе мора да се пријават до општинските изборни комисии за да го остварат своето право на глас на претстојните парламентарни избори. За нив, објавено е упатство за начинот на кој ќе се одвива пријавувањето и гласањето.  Лицата...

СЗО: Најважна е стратегијата за следење на контактите и нивно изолирање

Единствената најважна интервенција за спречување на ширењето на корона вирусот не е секогаш технологија, туку може да ја спроведат и широк спектар на професионалци така што ќе ги лоцираат контактите коишто го шират вирусот и притоа да ги изолираат овие лица, појасни генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус на вчерашниот брифинг за состојбата со ковид-19...

Границите отворени за сите, нема задолжително тестирање на ковид-19, нема ниту карантин

Од денеска целосно се отворени сите гранични премини во државата и македонските државјани како и странците можат непречено да влегуваат и да излегуваат од земјата. Нема повеќе задолжително приложување на ПЦР тестови, нема упатување во домашна изолација или во државен карантин. Од денеска се укинува и забраната за организиран превоз на патници, а останува да важи само обврската за...

Од петок ќе може да се влезе во земјава без ПЦР тест, од 1 јули аеродромите отворени за сообраќај

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на „Фејсбук“ објави дека владата на денешната седница одлучила од петок, 26 јуни, да ги отвори сите гранични премини за движење на патниците и возилата без приложување на ПЦР тестови за оние лица што влегуваат во нашата земја, како и без упатување во домашна изолација или спроведување на задолжителен државен карантин. Укината е и забраната...

МВР: 13 лица во државен карантин заради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

Од 12 јуни заклучно со денес, полицијата спроведе 13 лица во државен карантин поради непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи. Меѓу лицата е и еден полициски службеник, а против сите нив ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Воедно, лицата што се спроведени во државен...

805 граѓани фатени без маски, 8 лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација

Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатото деноноќие регистрирало 805 прекршоци за неносење лична заштита на лице кај несовесни граѓани. Од страна на полициски службеници, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација, се наведува во...

Полицијата открила 659 граѓани без маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопшти МВР. Регистрирани се 659 граѓани што не носеле заштитна маска, според прописите за заштита од ковид-19. Полициски службеници при вршењето контроли кај лица во изолација и самоизолација, откриле едно лице што не ја почитувало мерката...

Здравствените власти до 450 лица не можат да достават решенија за самоизолација

Министерот за здравство Венко Филипче денеска обелодени дека има 450 лица кои не сакаат да ги примат решенија за самоизолација. Тој потенцираше дека во јавноста ќе објават листа со овие лица кои даваат погрешни лични податоци или воопшто не се достапни за здравствените власти, а со тоа се потенцијална опасност за натамошно ширење на болеста ковид-19. Станува збор за...

Нема ден, а да нема прекршување на мерката за изолација и самоизолација од несовесни граѓани

Изминатата недела, секој ден имало прекршувања на мерката изолација и самоизолација, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Од минатата среда, заклучно со денес, 19 лица не ја почитувале оваа мерка. Најмногу од нив (шест) се евидентирани во петокот, на 12 јуни. За викендот имало четири прекршувања по овој основ. Ваквото непочитување на мерките за спречување на ширењето на корона...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...