fbpx

ДСЗИ: Четирите деца со диабетес водени според медицината базирана на докази

-

Дијагнозата за диабетес кај четирите деца кои беа примени во болница во многу лоша состојба е утврдена при влошувањето на состојбата, а претходно немало сомненија за таква состојба. Тоа го соопштија Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Клиниката за детски болести во Скопје, известувајќи за резултатите од вонредните надзори.

Инспекцијата кај матичните лекари на двете деца од Охрид и по едно од Гевгелија и Свети Николе, покажала дека болеста е утврдена по последното влошувањето на здравствената состојба поврзана со хоспитализацијата на клинките во Скопје.

„Од првичниот увид во медицинската докуменација водена за децата, ДСЗИ костатираше дека сите посетите на децата  кај матичните лекари, како и посетите во останатите здравствени установи, воглавно се уредно евидентирани“, се вели во соопштението, во кое се напоменува дека работењето на матичните лекари на децата било согласно упатствата и протоколите за медицина базирана на докази.

Диабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот, при што доаѓа до комлетен недостиг на инсулин. Една третина од новодијагностицираните деца од диабетес тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија. Децата обично пројавуваат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијагнозата, појаснуваат од ДСЗИ.

Од таму наведуваат дека и во земјава се случува зголемување на бројот на заболени од диабетес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...