вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: детска клиника | 18 резултати

Град Скопје и општина Центар треба да го решат проблемот со урнатиот ѕид, велат во Министерството за здравство

јуни 11, 2024

Во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести, истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште, информираат денеска од Министерството за здравство. Реакцијата следува откако пред неколку дена, се урна дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“, веднаш над Клиниката за детски болести во […]

Меџити: Родителите да ги вакцинираат децата против голема кашлица

јануари 10, 2024

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца против голема кашлица (бордетела пертусис), откако беше прашан каква е состојбата со оваа болест во земјата, со оглед на фактот дека на Детска клиника е хоспитализирано шестмесечно бебе со голема кашлица. „Не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на […]

Децата со дијабетес тип 1 конечно добија бесплатни сензори за мерење гликемија

ноември 13, 2023

Универзитетската клиника за детски болести од денеска има бесплатни сензори за мерење гликемија во крвта кај најмладите пациенти. Набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабетес тип 1, како и за бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица, а останатите сензори ќе бидат доделени на Универзитетската […]

Бебе почина од сепса на Детската клиника во Скопје

ноември 12, 2023

Бебе старо само десет дена, родено во болница во Прилеп, денеска починало на Детската клиника во Скопје. Случајот го обелоденила неговата мајка на социјалните мрежи. Таа вели дека бебето се родило здраво, а во Скопје било испратено на третмани против жолтица. Од Детската клиника информираат дека бебето при приемот било во тешка состојба и на […]

Соседите со факели, огномет и аплаузи ја пречекаа малата Ангелина која ја победи леукемијата

јули 8, 2023

Пред неколку дена малата Ангелина заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје – прогласи крај на борбата со леукемијата, откако ја прими и последната хемотерапија. Вечерва, соседите од булеварот АСНОМ во населбата Ново Лисиче на малата Ангелина ѝ приредиле вистинско добредојде дома. Со факели и со огномет го дочекале борецот кој со месеци се […]

Монтажна амбуланта на Детска клиника заради спречување на ширењето на корона вирусот

јули 16, 2020

Поставена е монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, чија цел е да се спречи евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти, соопшти Министерството за здравство, напоменувајќи дека амбулантата е поставена како дел од активностите за враќање на редовното работење на некои клиники. Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите […]

На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

мај 3, 2019

На Детската клиника вчера, по повеќе од две недели лекување на Интензивна нега, починало десет и пол месечно бебе, кои имало тешки компликации од морбили, соопштија од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани […]

Петгодишно девојче починало од грип на Детската клиника

февруари 6, 2019

Девојче од Скопје на возраст од пет години синоќа пред полноќ починало на Детската клиника. Кај девојчето бил утврден пандемски грип А-  Х3Н1, а имало тешки промени на мозокот и на црниот дроб, соопштија од клиниката. Починатото девојче претходните 3 дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле, а оттаму во […]

Детската клиника и болницата во Козле – полни со деца со респираторни заболувања

јануари 21, 2019

Клиниката за детски болести како и Институтот за белодробни заболувања Козле, се полни со пациенти. Во овој период од годината, преовладуваат респираторните дијагнози а една од причините е енормно загадениот воздух. – Болницата е полна. Имаме 130 пациенти кои се хоспитализирани и околу 30 кои се во дневна болница, a вкупно капацитетот е околу 180 […]

ДСЗИ: Четирите деца со диабетес водени според медицината базирана на докази

јули 30, 2018

Дијагнозата за диабетес кај четирите деца кои беа примени во болница во многу лоша состојба е утврдена при влошувањето на состојбата, а претходно немало сомненија за таква состојба. Тоа го соопштија Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Клиниката за детски болести во Скопје, известувајќи за резултатите од вонредните надзори. Инспекцијата кај матичните лекари на […]

Одложено судењето за смртта на малата Тамара

јуни 12, 2018

Поранешната директорка на Детска клиника, Аспазија Софијанова, поранешната директорка на ФЗОМ, Маја Парнарџиева – Змејкова и тројца други обвинети претпладнево не дојдоа на судењето за смртта на малата Тамара Димовска, поради што рочиштето беше одложено за 4 јули. На денешното рочиште од повиканите 12 обвинети, во судот се појавија само седум, а во судницата не […]

По смртта на родилката во Тетово, почина и нејзиното бебе

октомври 4, 2017

Бебето родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало во текот на вчерашниот ден на Детската клиника во Скопје, информира Министерството за здравство. „Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Она […]

Обвинетиот за убиството на медицинската сестра бил жртва на семејно насилство

декември 23, 2015

Блиски роднини на Никола Кузмановски, обвинет за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска, кое се случи на 9 јануари годинава на Детската клиника во Скопје, на денешното продолжението на судењето сведочеа дека Кузмановски бил жртва на семејно насилство, пренесува порталот „Академик“. На денешното рочиште прва сведочела братучетка на Кузмановски, која изјавила дека тој и неговата мајка […]

Пуштена во употреба Детската клиника во Козле

декември 13, 2015

Детската клиника во Козле е пуштена во употреба. Клиниката се градеше три години и се простира на 6.500 квадратни метри. Инвестицијата вреди 8 милиони евра, а новата инфраструктура на болницата ќе овозможи повисок стандард на здравствени услуги. Клиниката е изградена на местото на старите бараки, кои беа донација од Шведска, по земјотресот.

Страна 1 од 1