fbpx

ДСЗИ: На аџилак во Мека само со примени вакцини

-

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ги предупредува муслиманите кои ќе патуваат на аџилак во Мека дека според Законот за заштита на населението, ќе мора да патуваат во групи не помали од 40 лица, како и да ги имаат примено соодветни вакцини.

Групите аџии од земјава ќе може да излезат и во неа да влезат само преку скопскиот аеродром и граничниот премин „Деве Баир“.

Организаторите на патувањата на аџилак треба да ангажираат најмалку еден лекар за групата, а претходно во ДСЗИ да се достават лиценца или лиценци на лекарите. Исто така, во Инспекторатот мора да достават и список на патници со податоци за година на раѓање, адреса и место на живеење и број на пасош и број на лична карта. Покрај тоа, мора да се достави и Извештај за патувањето, со датуми на поаѓање и враќање, како и листа на земји и гранични премини преку кои ќе се минува.

Сите аџии мора да имаат вакцинална книшка со доказ за примена вакцина против менингококов менингит, и тоа да биде завршено десет дена пред тргнувањето на аџилак. Вакцининирањето се врши во центрите за јавно здравје во градовите.

По враќањето од аџилак, лицата ќе мора да се јават на здравствен надзор во центрите за јавно здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...