Инспекција влезе во болницата во Бардовци по снимката од пациенти како тепаат друг пациент

Директорот на болницата во Бардовци, кој инаку е дипломиран архитект, во телефонски разговор ни потврди дека лицето што се снима и ги објавува насилните видеа на Фејсбук, издржува затворска казна поради убиство

-

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) влегоа во психијатриската болница во Бардовци, откако хоспитализирано лице во болницата на својот профил на Фејсбук споделуваше драматични видео снимки на кои се гледа како се малтретира и тепа друг, новодојден пациент.

Ова за Мета.мк го потврди в.д. директорот на психијатриската болница, Мухсин Арифи, кој се огласи и преку соопштение, тврдејќи дека е нов на позицијата и дека затекнал состојба во која „болницата функционирала во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови“. 

Арифи, кој инаку е дипломиран архитект, не сакаше да одговори на нашите прашања зошто на пациенти им е дозволено да поседуваат мобилни телефони и да се снимаат и објавуваат видеа на социјални мрежи, како функционира обезбедувањето во болницата и дали постојат и се почитуваат протоколи во однос на сместувањето на пациенти осудени за тешки кривични дела.  

„Kако новоназначен директор на психијатриска болница „Скопје“ Скопје, чувствувам должност да се обратам на пошироката јавност за последните случувања поврзани со агресивните пациенти кои се тепаат меѓусебе. Истите се сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд. Се однесува на лица кои сториле кривични дела како убиство, обид за убиство и др. Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови. Ве известувам дека од моја страна по настанатиот случај се преземени ситe безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните институции кои во моментот се грижат за безбедноста. Очекувам во најкраток рок институционално решавање на случајот, а во меѓувреме започнав со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани. Крајната цел е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста во болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање“, се вели во неговото соопштение.

Арифи во телефонскиот разговор ни потврди дека лицето што редовно се снима и ги објавува насилните видеа на Фејсбук, издржува затворска казна поради убиство. На снимките може да се види дека тој е сместен во иста просторија со уште неколку лица. Од разговорите на видео снимката може да се слушне дека „таков бил редот со сите нови кои доаѓаат во болницата како и дека ќотекот излегол од рајот“.

И покрај тоа што случајот беше обелоденет во јавноста, пациентот-осуденик сè уште е активен на Фејсбук.

Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, не беше достапна на својот мобилен телефон за да одговори кои се првичните сознанија по извршениот инспекциски надзор во болницата во Бардовци.

Случајот е пријавен и во МВР и оттаму ни изјавија дека постапуваат екипите на полициската станица во Карпош.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...