сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: тепачка | 113 резултати

Осум лица се тепале заради нерасчистени семејни односи, еден ќе одговара за обид за убиство

август 18, 2025

Осум лица ќе добијат кривични пријави заради учество во тепачка во Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно од лицата за обид за убиство, против едно за нанесување тешка телесна повреда, додека против шестмина за учество во тепачка. Според информациите од ОЈО, до тепачката дошло поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи. За обид […]

Шест тепачки за едно деноноќие во Скопје: Се тепале жени, а претепан бил и малолетник

октомври 24, 2024

Во последното деноноќие, СВР Скопје евидентирало шест тепачки што се случиле во главниот град. Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.20 часот во Скопје, на подрачје на Центар, Х.А.(22) и Е.К. (21) од Скопје биле физички нападнати од група од десетина лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. „Исто така, околу 16.00 […]

Кривична против три лица за пукањето во Чаир – еден е во бегство

октомври 16, 2024

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, […]

Во тепачка на деца во Струга се вклучиле и возрасни – обвинение за пет лица

јули 20, 2024

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – учество во тепачка. Еден од обвинетите во моментов извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга, информираше Јавното обвинителство. Настанот се случил лани, на 17.08.2023 година, кај луна-парк на улицата „Партизанска” во Струга, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија […]

Сопружници од Србија се степале во кола, па мажот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија

јули 13, 2024

Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил. […]

Охрид: Се запали БМВ на крстосница, тепачка на плажа

јули 9, 2024

Вчера во Охрид се случија неколку инциденти известуваат од Секторот за внатрешни работи на градот. Пријавено е дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки при движење на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски“. Станува збор за централниот плоштад во градот кој се наоѓа помеѓу пристаништето и чаршијата. Возачот на БМВ-то […]

Во Охрид претепан мотоциклист, потоа тој нападнал сограѓанин

јули 8, 2024

Вчера во охридската полиција било пријавено дека Д.М. од селото Лешани, Општина Дебрца, додека возел автомобил по булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, удрил во мотоцикл што го управувал 47-годишниот Љ.Ѓ. од Охрид, соопштија од СВР Охрид. Веднаш по сообраќајната несреќа, Д.М. заедно со уште две лица од селата Косел и Лешани, физички го нападнале мотоциклистот […]

Прекинат работниот однос на привремено вработени во „Водовод и канализација“

ноември 8, 2023

На седница на Управниот одбор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, претседателот на Управниот одбор, Идриз Орана, со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука, со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во соопштението, потпишано од директорот Драган Илиевски, прекинати им се договорите на водоинсталатери, механичари, […]

Тепачка во скопски „Водовод“ за тоа на кој спрат да се одржи седница на Управниот одбор

ноември 3, 2023

Во скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ денеска се степале членовите на Управниот одбор и обезбедувањето. Инцидентот за Мета.мк го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на „Водовод“ пријави дека во просториите на „Водовод“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски […]

Кардиохирургот Јовев го нападнал директорот на клиниката Шокаровски?

септември 18, 2023

Познатиот кардиохирург Сашко Јовев физички го нападнал актуелниот директор на Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски и вербално нападнал медицинска сестра. Настанот е евидентиран од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 18.09.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј.(вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а […]

Двајца браќа брутално претепале возач заради недоразбирање во сообраќајот

август 14, 2023

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик. Како што информираат во Обвинителството, на 12 август, двајцата осомничени со умисла нанеле тешки телесни повреди врз […]

Инспекција влезе во болницата во Бардовци по снимката од пациенти како тепаат друг пациент

јуни 7, 2023

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) влегоа во психијатриската болница во Бардовци, откако хоспитализирано лице во болницата на својот профил на Фејсбук споделуваше драматични видео снимки на кои се гледа како се малтретира и тепа друг, новодојден пациент. Ова за Мета.мк го потврди в.д. директорот на психијатриската болница, Мухсин Арифи, кој се огласи […]

Тепачка и турканици во бугарскиот парламент

јуни 1, 2023

Во бугарското Собрание денеска работниот ден почна со притисоци што резултираа во физичка пресметка. Две резолуции – едната на „Продолжуваме со промената“ (ПП) и „Демократска Бугарија“ (ДБ), а другата на „В’зраждане“ (Преродба) на познатиот националист и русофил Костади Костадинов, познат како „бугарскиот Копејкин“, предизвикаа спор што резултираше со физичка пресметка, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Во […]

Одложено судењето за случајот Пендиков, адвокатите на обвинетиот Спасески ја напуштија судницата

мај 31, 2023

Се одложи судењето за случајот со претепувањето на сега укинатото бугарско здружени „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков. На денешното рочиште, охридското Обвинителство до судот доставило нов доказ против обвинетиот Илија Спасески. Откако адвокатите на Спасески побарале одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, а судијата Бојан Мартиноски не дозволил, адвокатите на […]

На судењето за Пендиков презентирани снимките од тепачката

април 5, 2023

Во охридскиот суд денеска продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, здружение кое вчера беше избришано од Централниот регистар. На судењето Пендиков не се појави, а неговиот адвокат рече дека е на дополнителни здравствени прегледи. На денешното рочиште беа сослушувани сведоци, а се изведуваа и докази. […]

Приведени напаѓачите на секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид

јануари 20, 2023

СВР Охрид за Мета.мк информира дека тројцата напаѓачи на 21-годишниот Христијан Пендиков од Охрид, член и секретар на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ се приведени и по расчистување на случајот ќе се биде поднесена кривична пријава. Пендиков е в болница, а од СВР Охрид велат дека причина за претепувањето било меѓусебно недоразбирање. Напаѓачи се […]

Контраспин: Пресуда за тепачка од 1993 година не може да е основa за оставка

октомври 29, 2022

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други […]

Вистиномер: Дезинформација е дека тепачката во Центар Жупа била за вакцинални сертификати

август 23, 2021

Од СВР Охрид негираат дека физичката пресметка има врска со вакцините и вакциналните серитфикати. Оттаму велат дека се работи  за тепачка меѓу припадници на две семејства поради нерасчистени односи, пишува „Вистиномер“ во анализата на дезинформација што беше објавена во еден Фејсбук-пост и на некои веб-сајтови. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Видео од тепачка, за […]

Неделна анализа: Притвори, тепачки, тероризам и политика

февруари 23, 2019

Во период од неполни три дена во земјава се случија редица настани поврзани со последните месеци од владеењето и одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да замине од власт. За да остане на власт оваа партија пред две години реши да се стави над Уставот и да продолжи да владее со помош на насилство маскирано со упад на […]

По тепачката на Роберт Димитров во дискотека, полицијата и обвинителството почнаа истрага

октомври 22, 2018

Во исчекување на првичните наоди од истрагата на Основното јавно обвинителство за инцидентот вчера ноќта во дискотеката „Клик“ од Штип, полицијата излезе со официјална потврда на настанот, во кој учествувал основачот на „Телекабел“, Роберт Димитров. Во инцидентот со тешки телесни повреди во болница заврши сопственикот на кафулето „Илужн“, Ацо Панов. Според соопштението на СВР Штип, […]

Страна 1 од 6