Таг: тепачка
таг: тепачка
Тепачка во турскиот парламент
Во турскиот парламент, за време на расправата за новите овластувања на претседателот, изби тепачка.
Пратеничката Фатма Каплан од владејачката Партија на правдата и развојот, сакала да го сними гласањето со својот мобилен телефон. На пратениците од опозициските партии тоа не им се допадна, па прво се туркаа, а потоа и се степаа со своите колеги.
https://twitter.com/efekerem/status/819348058936897536
Новите уставни промени ги прошируваат овластувањата...
Убиен мигрант во тепачка во Белград
Еден мигрант е убиен, а еден повреден во тепачка меѓу мигранти во Зелен венец, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“.
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека се уапсени пет мигранти, осомничени дека учествувале во тепачка и дека кај нив биле пронајдени ножеви.
Повредениот мигрант бил превезен во ургентен центар.
Српското МВР соопшти дека до тепачка дошло околу 15 часот,...
Суд ли е ова или панаѓур, дуќанче, чешмичка?
Најважниот суд во земјава - Основниот суд Скопје 1, во кој, меѓу другите, се водат и најзначајните постапки за организиран криминал, изминативе десетина дена се претвори во „панаѓур“.
Кривичниот суд деновиве е местото каде вработени делат правда со туркања и со тупаници, судии се пресметуваат со кривични пријави и со контрапријави, се поднесуваат претставки до Судскиот совет за злоупотреби на...
Криминално-политичка престрелка и бркотница по Партизанска
Четириесет и шестгодишен скопјанец ноќеска, пред полноќ, е ранет во престрелка на булеварот Партизански одреди. Според првичните информации, станува збор за Даниел Т., кој веднаш по инцидентот е пренесен на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде бил опериран.
На пукањето му претходела бркотница со автомобили, која започнала од бензинската на „Макпетрол“ на булеварот Илинден и продолжила на...
Нападнат новиот тренер на ФК „Брегалница“
Како во сцена на акционен филм, на патот Кочани – Штип се одвивала трка меѓу „порше“, со кое се превезувал сегашниот тренер на ФК „Брегалница“ од Штип, и „мерцедес“ во кој биле членовите на поранешната управа на клубот. Во еден момент кај селото Крупиште, „мерцедесот“ му го пресекол патот на возилото во кое се превезувал новиот тренер на „Брегалница“ од Турција,...
Украински пратеници се степаа пред новинари
Пратениците на украинската Врховна рада, Александар Вилкул и Владимир Парасјук, се степаа пред новинари, јави украинската телевизија „112“.
Инцидентот се случи по снимањето на телевизиската емисија „Вечерна програма“, за време на која пратениците не можеле да се согласат за актуелната ситуација во земјата.
По емисијата, Парасјук го сочекал својот противник надвор од студиото. Таму двајцата почнале физичка пресметка, поради што морало да...
ВМРО-ДПМНЕ: Снимката е доказ дека граѓаните се револтирани од провокаторите од СДСМ
Лицето кое се гледа на снимката не е дел од придружбата, ниту пак дел од тимот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и не е член на партијата, реагираат од владејачката партија откако бугарската телевизија „Нова“ објави дека приврзаник на владејачката партија физички нападнал и удрил лице, кое му стави забалешка на поранешниот премиер околу санирањето на штетите од...
Бегалец загина во тепачка во бегалски камп во Атина
Бегалец од Авганистан го загуби животот во тепачка во бегалскиот камп Елинико, во јужните предградија на Атина. Човекот бил прободен со нож во гради и имал сериозни повреди на главата со кои се здобил во мешаница и физичка пресметка која почнала меѓу група бегалци од Авганистан во привремениот бегалски камп на просторот на стариот атински аеродром.
Бегалецот им подлегнал на...
Руски полицаец нападнал американски дипломат
Руската телевизија НТВ објави снимка на која се гледа како руски полицаец и американски дипломат се тепаат на влезот на американската амбасада во Москва.
Американската амбасада засега не го коментира настанот.
Првичните информации, кон крајот на јуни, ги објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјава од американски дипломати, кои за инцидентот го обвинија полицаецот.
Руските претставници, сепак, тврдат дека дипломатот го нападнал...
Во Марсеј тепачка помеѓу навивачи на Русија и на Англија
Група руски и англиски навивачи се степаа во Марсеј, а снимката од тепачката во која летале шишиња и столови е објавена на интернет.
Тепачката се случила во пресрет на натпреварот на двете фудбалски репрезентации на Европското првенство во фудбал, кое вчера почна во Франција.
Полицијата против напаѓачите употребила солзавец. Во тепачката учествувале околу 200 луѓе, а двајца Англичани се уапсени.
Натпреварот помеѓу репрезентациите...
Тепачка меѓу мигранти во Ваксинце, еден тешко повреден
Синоќа, околу 22.35 часот жител на кумановското село Ваксинце пријавил тепачка во која учествувале 10 до 15 мигранти. Во меѓувреме, од кумановската болница во полициската станица во градот било пријавено дека кај нив бил донесен 25-годишен државјанин на Пакистан со повреди од остар предмет во градниот кош.
Поради сериозноста на повредите, Пакистанецот, како итен случај, бил пренесен во Ургентниот центар...
Притвор за петмина поради тепачка во дискотеката „Расчекор“
Судија на претходна постапка им одреди притвор во траење од осум дена на петмина битолчани поради тепачка во ноќниот клуб „Расчекор“ во Битола.
„Ѓ.Т. (36), Ѓ.Ф. (23), А.А. (36), К.И. (21) и Б.С. (29) со употреба на прачки и стаклени чаши и шишиња почнале да удираат во клубот со што предизвикале чувство на страв и на несигурност кај присутните, кои во...
Тепачка на синоќешниот митинг на Трамп
На синоќешниот митингот на кандидатот за претседателска номинација на републиканците, Доналд Трамп, во Питсбург, избил судир меѓу неговите приврзаници и противници, кои истовремено се собрале во центарот на градот, соопшти полицијата.
Додека приврзаниците на Трамп, по завршувањето на митингот, си заминувале, скандирајќи „Изградете го ѕидот“ (против имигрантите) и „Америка, Америка“, неколку стотици противници извикувале погрдни зборови и пцости. Двете страни...
Четворица полицајци повредени во тепачка меѓу навивачки групи во Скопје
Четворица полицајци биле повредени во тепачка меѓу навивачките групи „Балисти“ и „Шверцери“, што вчера попладне се случила на стадионот „Чаир“ во Скопје, за време на натпреварот меѓу фудбалските екипи на ФК „Шкендија“ и ФК „Силекс“, информира МВР.
Според полициските информации, вчера околу 17.30 часот, на стадионот „Чаир“ дошло од нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем со меѓусебна...
Тепачка на митингот на Трамп во Њујорк
На митингот на претендентот за републиканска кандидатура за претседател на САД, Доналд Трамп, во Њујорк, забележани се неколку инциденти, а неговите приврзаници и противници се степале, соопшти полицијата.
Полицискиот комесар на округот Насау, Томас Крамптер, рече дека на собирот се уапсени две лица што се степале.
Исто така, шест лица се хоспитализирани, а седум добиле помош на местото на настанот поради несвестица...
Тепачка меѓу бегалците на Хиос
По судирите на Идомени и Пиреа, ноќеска избувна нов инцидент и физичко насилство, овој пат во бегалскиот центар на островот Хиос. Според информациите, повторно дошло до кавга меѓу бегалци од Авганистан и Сирија доцна ноќеска.
Во кавгата која брзо ескалирала во физички судири двајца бегалци биле нападнати и прободени со нож, а многумина имаат сериозни повреди на рацете и нозете....
Крвава тепачка во гимназијата „7 Март“ во Тетово
Деветнаесетгодишно момче се здобило со убодна рана во пределот на грбот во крвавата тепачка која се случила вчера во гимназијата „7 Март“ во Тетово. Раната му била нанесена од остар предмет, најверојатно нож. Лицето било префрлено во тетовската болница и е задржано за понатамошно лекување.
Во тепачката во која учествувале седум лица повреден бил и негов врсник кој се здобил со сериозни повреди на...
Кривична пријава за тројца осомничени за напад врз Тодор Петров
Три лица добија кривична пријава од МВР затоа што на 27 февруари годинава во угостителскиот објект „Казабланка“ физички го нападнале Тодор Петров.
По извршените консултации со јавен обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е.Б., А.Е. и А.Б. поради основано сомневање дека извршиле насилство, казниво по член 386 од Кривичниот законик.
„На 3 март 2016 година, во Полициската станица Бит-пазар, беа...
Гостиварското обвинителство ја расчистува тепачката меѓу навивачите на „Будуќност“ и на „Шкендија“
Вкупно 14 лица се осомничени за тепачката меѓу навивачките групи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ од Црна Гора и на фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово, што се случи вчера во близина на преминот Стража, кај Сретков мост.
Од Основното јавно обвинителство Гостивар соопштуваат дека е почнато сослушувањето на инволвираните лица.
„Истражувајќи го настанот, надлежното Основно јавно обвинителство Гостивар врши сослушување на инволвираните...
Двајца полицајци во Тетово се спречкале поради паркинг-место
Инцидент меѓу двајца колеги полицајци од Тетово се случил вчера, кога се спречкале поради паркирано моторно патничко возило. Според полицијата, двајцата почнале вербално да се расправаат во една од канцелариите во Секторот за внатрешни работи Тетово.
За настанот кој се случил во средата, околу 16 часот, е запознаен началникот на СВР Тетово и како што соопштуваат од полицијата, ако се...