fbpx

Неколкучасовна масовна тепачка во мигрантски камп на Лезбос

-

Најмалку седум мигранти се повредени во тепачка во прифатен центар за мигранти на островот Лезбос, соопштија денеска властите.

Полицијата соопшти дека масовната тепачка меѓу Арапи и Курди во кампот Морија се случила викендов, ноќта меѓу сабота и недела. Инцидентот траел неколку часа, при што неколку шатори во кампот се запалени.

Активистите за заштита на човековите права и властите на Лезбос веќе подолго предупредуваат на лошите услови во кампот за мигранти, кој веќе со месеци нема капацитет да ги задоволи потребите на стационираните.

Според договорот ЕУ – Турција, за запирање на нелегалната миграција, мигрантите кои доаѓаат на грчките острови остануваа се додека не се разгледаат нивните барања за азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...