fbpx
Таг: Лезбос

таг: Лезбос

Во Грција четирипати повеќе мигранти од истиот период лани

Бројот мигранти кои пристигнуваат на грчките острови сега е за четири пати поголем од истиот период лани. Според грчките власти, на Лезбос, каде што е најголемиот камп за мигранти, лани дневно во просек пристигнувале по 54 мигранти, а сега над 200 секој ден. Од март годинава грчките острови и северна Грција беа сведоци на пристигнувањето на голем број бегалци од...

Неколкучасовна масовна тепачка во мигрантски камп на Лезбос

Најмалку седум мигранти се повредени во тепачка во прифатен центар за мигранти на островот Лезбос, соопштија денеска властите. Полицијата соопшти дека масовната тепачка меѓу Арапи и Курди во кампот Морија се случила викендов, ноќта меѓу сабота и недела. Инцидентот траел неколку часа, при што неколку шатори во кампот се запалени. Активистите за заштита на човековите права и властите на Лезбос...

Жена и дете загинаа во пожар во бегалски камп на Лезбос

Жена и малолетно дете изгореа живи во пожар што синоќа избувна во бегалскиот камп Морија на островот Лезбос. Починатите бегалци се 60-годишна жена и нејзиниот 5-годишен внук, двајцата Курди од Ирак, кои биле во Морија четири месеци. Трагедијата се случила ноќта, околу 23 часот, кога, според очевидци, експлодирала плинската боца на која жената готвела во нејзиниот шатор, а нејзиното внуче...

Бунт и пожар во бегалскиот центар на Лезбос

Бавната процедура за азил во Грција предизвика нови немири во бегалскиот камп Морија на Лезбос. Група од стотина бегалци, главно од Пакистан, подметнаа пожар во дел од кампот, во кој целосно се уништени осум од вкупно 12 контејнери на Европската служба за азил. Во кампот владее хаос и паника, пожарникарските служби се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а присутни се...

Нови судири во бегалските центри на Лезбос и на Хиос

Инциденти и судири меѓу граѓаните, полицијата и бегалците избија на граѓанскиот протест на островот Хиос против владината политика за бегалците на островот. Полицијата беше принудена да употреби солзавец кога група граѓани среде мирниот протест, со кој жителите на Хиос бараат владата да пресели дел од бегалците бидејќи има двојно повеќе луѓе од капацитетот на островот, се обидоа да тргнат...

Жестоки судири меѓу бегалци на Лезбос

Бегалскиот камп Морија на островот Лезбос помина уште една пеколна ноќ. Ноќеска, околу полноќ, во кампот избија судири меѓу групи бегалци од Сирија, Авганистан и од Ирак. Во судирите има десетици повредени, а пет деца и двајца возрасни се пренесени на лекување во болницата во градот. Како што јавува грчката информативна агенција АПЕ, судирите избиле во делот каде престојуваат само...

Инциденти со бегалците на Лезбос

Нови инциденти избија во бегалскиот центар Морија на островот Лезбос. Мигрантите вчера се судрија со полицијата и во центарот неколку часа владееше хаос, кој заврши со десетина повредени. Според информациите во Грција, од изутрината во центарот владеела тензија поради нетрпеливоста на бегалците и на мигрантите за тоа што ќе се случува со нивните барања за азил, како и од незадоволството...

Лезбос: Полицијата се судри со мигрантите во кампот Морија

Полицијата и мигрантите се судрија денеска во камп на островот Лезбос, соопшти грчката полиција. Како што соопшти портпаролот на локалната полиција, инцидентот избил во делот на кампот Морија, каде се сместени малолетни мигранти, а оттаму се проширил. - Интервентната полиција во моментот води операција внатре и надвор од кампот - посочи портпаролот, додавајќи дека за време на немирите биле запалени и контејнери.

Папата Франциск во посета на бегалците на Лезбос

Папата Франциск ја почна својата посета на бегалците на грчкиот остров Лезбос. Неговата посета испраќа силна порака до европските лидери за похумано справување со бегалската криза и силен апел да се помогне да се стави крај на воените состојби, поради кои илјадници луѓе ги напуштаат домовите и ја бараат својата среќа во државите од Европската Унија. Уште посилна порака е...

Нов прифатен центар за бегалци отворен на Лезбос

Нов голем прифатен центар за бегалци со капацитет за 3.000 лица е отворен на грчкиот остров Лезбос. Покрај основиот капацитет, во вонредни околности во центарот може да се обезбеди сместување за уште 2.000 бегалци. Во моментов на Лезбос престојуваат околу 7.500 бегалци и илегални мигранти, од кои секојдневно по околку 3.000 со фериботи се пренесуваат до Пиреја, но на нивно место доаѓаат...

Најмалку 18 мигранти, меѓу кои и деца, се удавиле во Егејско Море

Најмалку 18 мигранти, меѓу кои неколку деца, денеска се удавиле откако бродот со кој се обидувале да преминат од Турција во Грција се превртел во Егејско Море, јавува „Би-Би-Си“ повикувајќи се на информации од службени лица. Дрвениот брод се превртел поради високите бранови додека пловел од турскиот град Измир кон грчкиот остров Лезбос. Како што пренесува „Би-Би-Си“, по несреќата од водите...

Кај Лезбос спасени повеќе од 400 бегалци

Грчките власти спасиле повеќе од 400 мигранти во Егејско Море, а при акцијата едно момче се удавило. Момчето е пронајдено удавено покрај брегот на островот Лезбос иако на себе имало елек за спасување, соопшти грчката крајбрежна стража. Грчката грајбрежна стража и европската агенција Фронтекс спасиле вкупно 429 бегалци во седум одвоени операции. Вчера германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека е потребна рамноправна распределба...

Три деца и една жена од Сирија се удавија во Егејско Море

Грчката крајбрежна стража објави дека три деца и една жена се удавиле кога нивниот чамец се превртел во близина на островот Калимнос во Егејско Море. Дрвениот чамец полн со сириски бегалци, кој во петокот го напуштил турскиот град Ајвалик, се упатил кон Лезбос, но не стигнал до целта. Тие што го преживеале патувањето биле целосно исцрпени, заболени од треска и од инфекции...

Петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа кај островот Лезбос

Едно петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа во морето кај грчкиот остров Лезбос, соопшти грчката крајбрежна стража. Портпаролот на крајбрежната стража, Никос Лагадијанос, изјави дека 11 лица се спасени во морето меѓу островот Лезбос и крајбрежјето на Турција, додека едно лице само допливало до брегот. Преживеаните им соопштиле дека 13 лица исчезнале.

Полицијата се судри со бегалците на Лезбос

Група од околу 1.000 нерегистрирани бегалци, повеќето од Авганистан, се судриле со полицијата и со припадниците на грчката крајбрежна стража, обидувајќи се да влезат на траектот на островот Лезбос, јавуваат грчките медиуми. Странските агенции јавуваат дека полицијата се судрила со околу 200 бегалци. Полицијата со солзавец ги растерала бегалците, кои претходно фрлале камења и извикувале „Атина, Атина!“, обидувајќи се да се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...