fbpx

Нов прифатен центар за бегалци отворен на Лезбос

-

Нов голем прифатен центар за бегалци со капацитет за 3.000 лица е отворен на грчкиот остров Лезбос.

Покрај основиот капацитет, во вонредни околности во центарот може да се обезбеди сместување за уште 2.000 бегалци.

Во моментов на Лезбос престојуваат околу 7.500 бегалци и илегални мигранти, од кои секојдневно по околку 3.000 со фериботи се пренесуваат до Пиреја, но на нивно место доаѓаат нови, кои невообичаено топлото време за овој период од годината го користат за масовно преминување со чамци и со бродови од турскиот брег до островот.

Според податоците на грчката крајбрежна стража, оваа година од Турција до грчките острови во Егејско Море пристигнале 805.000 мигранти, што е четирипати повеќе од лани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...