fbpx

Вонредни мерки поради загадувањето: трудниците и хронично болните да останат дома

-

Владата на вонредна седница расправала за зголеменото ниво на загаденост на воздухот, при што донела повеќе заклучоци и препораки.

Оттаму информираат дека се препорачува на сите работодавци во Скопје и во Тетово, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица постари од 60 години со респираторни и со кардиоваскуларни заболувања, како и лица помлади од 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест до 4 јануари.

Владата им препорачува на Град Скопје и Општина Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.

Државниот инспекторат за животна средина е задолжен до 4 јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на интегрирана еколошка дозвола А и секој ден да доставува извештај до министерот за животна средина и просторно планирање и до министерот за здравство.

Владата им препорачува на Град Скопје и на другите општини, преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори, до 4 јануари 2016 година да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите што подлежат на интегрирана еколошка дозвола Б само во делот на емисии во воздухот.

Притоа, во рамки на контролите на територија на Скопје и на Тетово, да се даде препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа.

Истовремено, Владата на Република Македонија го задолжила Државниот инспекторат за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност, да преземе соодветни мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...