fbpx

Три деца и една жена од Сирија се удавија во Егејско Море

-

Грчката крајбрежна стража објави дека три деца и една жена се удавиле кога нивниот чамец се превртел во близина на островот Калимнос во Егејско Море.

Дрвениот чамец полн со сириски бегалци, кој во петокот го напуштил турскиот град Ајвалик, се упатил кон Лезбос, но не стигнал до целта.

Тие што го преживеале патувањето биле целосно исцрпени, заболени од треска и од инфекции на дишните патишта.

Повеќе од 3.000 лица настрадаа годинава во обидот преку Медитеранот да стигнат до Европа. Меѓу нив имало и тинејџери и деца.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција во Женева, околку 48.000 мигранти стигнале во Грција во последните пет дена, што е рекорден број.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...