недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: жена | 59 резултати

Граѓанските организации бараат ОЈО Велес итно да ја смени одлуката против 23-годишна велешанка

февруари 4, 2022

Граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираат против одлуката на ОЈО Велес кое поднесе обвинeние против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик (КЗ). „Целокупниот случај од извршување на […]

Папата Франциск ја именува Натали Бекарт за потсекретар во Синодот, прва жена во Ватикан на оваа функција

февруари 7, 2021

Папата Франциск ја именуваше французинката Натали Бекарт за потсекретарка на бискупскиот Синод. Таа е прватa жена во Ватикан на оваа функција, која ќе има право на глас, пишува лондонски „Гардијан“. Натали Бекарт е една од двајцата нови потсекретари именувани во Синодот, бискупско тело кое ги проучува главните прашања на доктрина на Римокатоличката црква, каде беше […]

ЕБОР за прв пат доби жена за директор, французинката Одил Рено Басо

октомври 8, 2020

Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, ја избра французинката Одил Рено Басо за нова директорка, на генералното собрание кое се одржа виртуелно, поради ковид пандемијата. Рено Басо (55), досегашнатa генерална директорка на Трезорот на Франција, е првата жена на местото шеф на ЕБОР. Таа во 2016 година, исто така беше првата жена која беше […]

Манчевски: Дигитализацијата ги брише родовите разлики и препознава само вештини

март 8, 2018

Дигитализацијата создава еднакви можности за сите без разлика на полот, бидејќи интернетот ги препознава само вештините, знаењата и способностите, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на првата конференција „Дигиталната ера и жената“ која денеска се одржа во хотел „Мериот“. Главната тема на конференцијата беше улогата и значењето на дигиталната технологија во развојот на […]

Жена и 17-годишно момче загинале во пожар во Битола

јануари 29, 2018

Во семејна куќа во Битола рано утрово избувнал пожар во кој, според првичните информации настрадале жена и 17-годишно момче, соопшти Јавното обвинителството. Оттаму информираат дека надлежен обвинител од ОЈО Битола врши увид на местото, заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи и Противпожарната служба. „Надлежниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и обезбедување на […]

Автобус на ЈСП прегазил жена кај Бит Пазар

декември 27, 2017

Засега неидентификувана жена денеска го загубила животот на булеварот Крсте Мисирков кај Бит Пазар, кога автобус на ЈСП удрил во неа, по што жената починала. Автобусот се движел во правец од џамијата Јаја Паша кон Центар кога околу 12.10 часот удрил во жената. Се очекува увидот да заврши наскоро, велат од СВР Скопје за „Мета“.

Две жени и четири деца каснати од куче во Општина Аеродром

декември 8, 2017

Во изминатите два дена, во полициската станица Аеродром пријавени се шест настани во врска со напад на куче скитник врз граѓани на подрачјето на населбата Аеродром, помеѓу булеварите Јане Сандански и АСНОМ, се вели во билтенот на МВР. Се работи за шест лица, од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и […]

Полицијата трага по скопјанец осомничен за убиство на поранешната партнерка

септември 17, 2017

Полицијата и гостиварското јавно обвинителство трагаат по скопјанец, осомничен дека ја убил својата поранешна партнерка, чие тело денеска било пронајдено на улица во Гостивар, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, првично било пријавено дека жената настрадала во сообраќајна несреќа, откако жители на Гостивар забележале возило како го напушта месотото на кое веднаш потоа бил […]

Прегазена жена кај „Буњаковец“, дебармаалци бараат средување на сообраќајниот хаос

август 17, 2017

Повозрасна жена била прегазена и усмртена утринава од комби што се движело наназад кај основното училиште „Коле Неделковски“ во близина на Министерството за култура. Уличките во тој дел се полни со паркирани автомобили, а има и големо движење бидејќи тоа е еден од пристапите до пазарот „Буњаковец“. Крајно време е да се среди хаосот во […]

Скопјанка насилно внесена во возило, успеала да побегне во Пинтија

јуни 25, 2017

Скопјанката М.С. (41) ноќеска побарала помош од МВР тврдејќи дека била грабната од непознат маж. МВР денеска извести дека додека М.С. била во дневната соба, забележала непознат маж како стои на балконот од нејзината куќа. Кога излегла да види кој е, тој ја фатил за коса, насилно ја одвлечкал и ја внел во патничко возило […]

Изведена првата операција за промена на пол во Македонија

јуни 3, 2017

Тим врни лекари, предводен од проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Србија, во клиничката болницата „Аџибадем Систина“ ја изведе првата операција за промена на пол во Македонија. Хируршкиот зафат, по кој 33-годишен маж доби функционален женски полов орган, траела пет часа. – Подготовките за оваа интервенција траеја повеќе од една година, во текот на која пациентот помина […]

Уапсен осомничениот за убиството на 67-годишната жена во Охрид

февруари 22, 2017

Разбојникот  кој завчера изврши убиство на 67-годишна жена во Охрид е уапсен во Куманово, во координирана акција на полицијата и на обвинителството. Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, осомничениот бил со потекло од Куманово, а во моментот на разбојништвото и на убиството живеел во истата станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По разбојништвото, […]

Разбојник убил жена во Охрид

февруари 21, 2017

Засега непознато лице, синоќа усмрти жена во потесното централно подрачје на Охрид, на улица Галичица. Од СВР Охрид информираат дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на кривичното дело разбојништво со последица смрт. – СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11 часот и 30 минути до 19 часот […]

Скопјанка загина во пожар што избувнал во станот каде што живеела

декември 10, 2016

Вчера, околу 6.30 часот, во Скопје на улица Вера Јоциќ, во подрумската просторија преадаптирана во станбен простор, избувнал пожар, при што од огнот и од чадот што ја зафатиле просторијата, С.К. (57) се задушила и починала. Нејзиниот брат С.К. (50) по забележувањето на чадот се обидел да го изгасне огнот, но не успеал. Пожарот бил изгаснат […]

Жена и дете загинаа во пожар во бегалски камп на Лезбос

ноември 25, 2016

Жена и малолетно дете изгореа живи во пожар што синоќа избувна во бегалскиот камп Морија на островот Лезбос. Починатите бегалци се 60-годишна жена и нејзиниот 5-годишен внук, двајцата Курди од Ирак, кои биле во Морија четири месеци. Трагедијата се случила ноќта, околу 23 часот, кога, според очевидци, експлодирала плинската боца на која жената готвела во […]

Бан Ки-мун сака следниот генерален секретар на ОН да биде жена

август 16, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун изјавил дека тој лично би сакал, кога ќе му истече мандатот, на негово место да дојде жена, што би било првпат од основањето на светската организација пред повеќе од 70 години, јавуваат светските агенции. Бан, чиј втор мандат од пет години како генерален секретар на ОН му […]

Една жена почина од напад во воз во Швајцарија

август 14, 2016

Почина една жена повредена за време на синоќешниот напад со нож во воз во Швајцарија, соопшти полицијата. Жената која имала 34 години им подлегна на повредите здобиени за време на нападот, а уште три жртви остануваат во критична состојба. Во нападот беа повредени седум луѓе. Напаѓачот првин нападнал со нож, а потоа подметнал пожар во […]

Жената најдена во Калиманци починала од давење во вода, имала повреди по телото

август 4, 2016

Триесет и едногодишната Тања Стоилкова, чие мртво тело вчера беше пронајдено во езерото кај браната Калиманци, починала од давање во вода, покажала обдукцијата на телото, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Сепак, како што информираат оттаму, на телото на Стоилкова биле констатирани и повреди на главата, на десната надлактица и на долниот дел […]

Мајка и нејзините три ќерки нападнати со нож поради начинот на облекување

јули 19, 2016

Во јужниот дел на Франција, денеска е уапсен еден маж откако со нож нападнал жена и нејзините три ќерки, на возраст од осум, 12 и 14 години. Како што јавуваат француските медиуми, причината за нападот била облеката на нападнатите. Градските власти на Ларан-Монтгелн во областа От-Алп известија дека мајката и трите ќерки биле на одмор во […]

„Форбс“ повторно ја прогласи Меркел за најмоќна жена

јуни 6, 2016

Германската канцеларка Ангела Меркел шести пат по ред е на првото место на листата на најмоќни жени што ја објавува магазинот „Форбс“. Листата од 2004 година се составува врз основа на повеќе фактори, меѓу кои парите, медиумскиот интерес и влијанието. На листата на највлијателни жени на светот има 100 жени од 29 земји, а меѓу […]

Страна 1 од 3