fbpx

Жестоки судири меѓу бегалци на Лезбос

-

Бегалскиот камп Морија на островот Лезбос помина уште една пеколна ноќ. Ноќеска, околу полноќ, во кампот избија судири меѓу групи бегалци од Сирија, Авганистан и од Ирак. Во судирите има десетици повредени, а пет деца и двајца возрасни се пренесени на лекување во болницата во градот.

Како што јавува грчката информативна агенција АПЕ, судирите избиле во делот каде престојуваат само малолетни бегалци без придружба на родители. Инцидентите почнале, наводно, кога група бегалци од Сирија била нападната од малолетници од Авганистан, кои, пак, реагирале дека биле постојано на мета на бегалци од Ирак. При физичките пресметки биле искршени портите на делот каде се чуваат малолетници и бил целосно демолиран еден пластичен контејнер – бунгалов.

Од делот со малолетници судирите се прошириле и во другиот дел на бегалскиот камп. Во центарот настанал хаос, голем број семејства панично се обидувале да се заштитат и да не се најдат на мета на судирите. Со интервенција на специјалните сили на полицијата, околу 4 часот утринава ситуацијата била смирена и ставена под контрола.

Исходот од судирите е огромен број повредени деца и возрасни, на кои веднаш им била укажана медицинска помош.

Покрај нападите и демолирањето, околу 40 деца успеале да избегаат од кампот кон градот и во нивите околу кампот, поради што полицијата организираше потрага во текот на ноќта за да ги најде и да ги врати сите назад во кампот.

Проценките во Грција се дека овие судири се случуваат поради сè поголемата нетрпеливост на бегалците поради тоа што се заглавени во бегалските центри во земјата без каква било надеж дека наскоро ќе може да заминат кон некоја од западните или северните европски земји. Како поминуваат месеците, тензијата сè повеќе се зголемува и малите кавги меѓу различните етнички групи во камповите често доведуваат до големи судири и до инциденти.

Во бегалскиот центар на Лезбос има 5.388 бегалци, иако островот има капацитет за само 3.500 лица во бегалските центри. Локалните власти со месеци апелираат државата да реагира и да ги смести бегалците на други места за да се осигури безбедноста и на бегалците и на луѓето што живеат на островот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...