fbpx
Таг: повредени

таг: повредени

Најмалку две лица загинаа во руски напад со дронови врз Харкив

Две лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во руски напад со дронови врз вториот по големина град во Украина, Харкив, соопштија утрово националните служби за итни случаи и градоначалникот на градот Игор Терехов, а пренесе Гардијан. Терехов на Телеграм напиша дека цел на нападот бил Шевченкивски – северна област на градот. Нападот бил извршен со беспилотни летала од Иран,...

Повеќе од 70 борбени судири на бојното поле во Украина во последното деноноќие

Седумдесет и три борбени судири имале украинските први борбени линии во изминатите 24 часа, од кои најголем дел во областа Новопавливка, јави украинската државна новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на соопштение од Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Непријателот изврши вкупно 5 ракетни напади, 95 воздушни напади и 136 напади користејќи повеќе ракетни фрлачи врз позициите на нашите војници и...

„Дрон-коалицијата за Украина“ расте – се приклучува и Канада

Министерството за одбрана на Канада соопшти дека земјата се приклучува на меѓународната иницијатива за опремување на Украина со јуришни дронови. „Канада се приклучува на Коалицијата за дрон-капацитети при Контакт групата за украинската одбрана, која е предводена од Латвија и од Обединетото кралство (ОК). Како дел од Коалицијата, Канада ќе продолжи да бара начини да ги зголеми дрон-капацитетите на Украина“, се...

Руски дронови удрија на Харкив синоќа, четиримина цивили се повредени

Во рускиот напад со дронови од иранско производство „Шахид“ доцна синоќа во градот Харкив на североистокот на Украина, погодени се станбени згради, возила и една продавница, а повреди задобиле тројца мажи и една жена, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Цел на нападот биле цивилни цели во населбите Слобидски и Салтивски. Биле лансирани 6 дрона „Шахид“, два од нив биле...

Бројот на загинати во вчерашните руски напади врз Украина се искачи на 18

ukrinform
Осумнаесет лица загинаа, а 130 се повредени во руските ракетни напади врз украинските градови што се случија вчера, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесува Би-би-си. Тој рече дека 139 куќи се оштетени, а бројот на жртви може да се зголеми бидејќи повеќе луѓе може да останат заробени под урнатините. Официјални лица во вториот по големина украински град, Харкив, претходно соопштија...

Двајцата повредени во синоќешното пукање пред тетовската болница пренесени на КАРИЛ

Пукањето што вчера околу 18 часот се случило пред влезот на Ургентниот центар на Клиничка болница Тетово било поради нерешени проблеми неповрзани со болницата, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити. Цитирајќи информации од директорот на тетовската болница, тој рече дека двајцата повредени во пукањето се префрлени на КАРИЛ во Скопје. „Двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во полесна, другиот во...

Интензивни борби во Авдиивка во Украина, украинските сили возвраќаат на руските напади

Ситуацијата во областа Авдиивка во украинскиот регион Донецк и во текот на изминатото деноноќие била тешка, со голем број руски офанзивни дејствија, на коишто сепак украинските одбранбени сили ефикасно реагирале, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Руската офанзива почна пред два дена, со поддршка од оклопни возила кај Авдиивка и Маринка. Се вршеле и се вршат и воздушни напади, како...

Повредени четири лица во руски напад врз Кијив, Зеленски денеска во Вашингтон

Володимир Зеленски
Четири лица се повредени од паднати остатоци откако украинската противвоздушна одбрана собори осум балистички ракети насочени кон Кијив во раните утрински часови, соопштија официјални лица по последниот руски напад врз украинскиот главен град, пренесе Гардијан. Четири лица добиле медицинска помош во областа Дарницки во југоисточниот дел на Кијив, изјави на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко. Службите за итни случаи испратени во...

Напади со дронови и ракети во Украина, експлозии регистрирани близу атомска централа

Во текот на ноќта руските сили пуштиле повеќе борбени дронови „Шахид“ од територијата на Крим и од територијата на Русија, а украинското Воено воздухопловство соборило 21 од нив. Дроновите оперирале во јужните, источни и централните региони на Украина, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Дополнително, врз населени места во регионот Донецк руските сили истрелале осум ракети од системот С-300. Шест...

Прогноза за торнадо во Црното Море, Русија ги прибра бродовите и ракетните носачи во базите

Во регионот на Црното Море се прогнозира торнадо по невремето во кое загинаа најмалку 14 лица, а повеќе од 2 милиони останаа без струја во Русија и Украина, вклучително и окупираниот Крим. Американскиот Институт за проучување на војната соопшти дека невремето ја принудило Русија да ги врати своите поморски бродови и ракетни носачи во нивните бази, но и дека заканата...

Кијив втор ден по ред под бран руски напади со дронови

Русија утрово повторно започна бран напади со беспилотни летала врз Кијив, засилувајќи ги нападите врз украинскиот главен град по пауза од неколку недели, соопшти градската воена администрација, а пренесе Гардијан. Засега нема извештаи за критична штета или жртви, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација на Кијив, цитиран од Ројтерс. По пауза од 52 дена, Москва ги продолжи воздушните напади врз...

Илјадници украински деца се однесени во Белорусија, покажува истражување на универзитетот Јеил

Повеќе од 2.400 украински деца на возраст меѓу шест и седумнаесет години биле однесени во објекти низ Белорусија по руската инвазија врз Украина, обелодени истражувањето објавено од американскиот универзитет Јеил. Многу од децата биле изложени на политичко и културно образование и воена обука за да им служат на политичките интереси на Белорусија и Русија, пренесува Укринформ. Извештајот открива дека службениците вклучени...

Извозот на украинско жито паднал за речиси една третина во споредба со лани

Извозот на жито во Украина е намален за речиси една третина во споредба со минатата година, покажуваат податоците на украинското Министерство за земјоделство, а пренесува Гардијан. Бројките покажуваат дека извозот паднал на 9,8 милиони тони досега во маркетиншката сезона 2023-2024 јули-јуни. Министерството соопшти дека до овој момент минатата година Украина извезла 14,3 милиони тони жито. Обемот извезен оваа сезона вклучува 4,9...

Најмногу руски напади врз Украина во изминативе 24 часа од почетокот на годината

Руските сили нападнале повеќе од 100 локации во Украина во изминативе 24 часа, што претставува најголем број на руски напади во еден ден од почетокот на годинава. Нападите резултирале со смртни случаи и повредени лица. „Во текот на денот непријателот гранатираше 118 населени места во 10 региони. Ова е најголемиот број погодени градови и села од почетокот на годината“, објави...

Жестоки борби меѓу украинските и руските сили кај градот Авдивка

Руските и украинските сили водат жестоки борби во околината на градот Авдивка во Донецкиот регион, пренесува весникот Гардијан. Русија се обиде да отпочне офанзива за обиколување на овој град во близина на Донецк, но засега претрпува големи загуби. Поради тоа, Русија сега применува и силни воздушни напади на Авдивка. Украинскиот генералштаб информираше дека само во изминатово деноноќие биле убиени...

Деветмесечно бебе и неговата мајка меѓу повредените во руските напади врз Херсон

Четири лица, меѓу кои и деветгодишно девојче, се повредени во рускиот ракетен напад врз областа Константинивка во украинскиот регион Донецк што се случи утрово, објави украинската државна новинска агенција „Укринформ“. Руските напаѓачи лансирале крстосувачка ракета „Искандер“ околу 6 часот и 25 минути утрово, при што мета била станбена зграда. Во експлозијата биле повредени четири лица – 9-годишното девојче, нејзината 44-годишна...

Шарл Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година

Украина би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако сите услови за тоа бидат исполнети, порача претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во интервју за германски „Шпигел“. „Украина може да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако двете страни си ја сработат домашната задача“, вели Мишел, одговарајќи на прашањето дали мислел и на Украина кога повика...

Жестоки напади изминатово деноноќие во Украина, повредени се цивили

Во текот на изминатите 24 часа, во Украина се случиле 30 вооружени судири меѓу руските агресорски сили и украинската одбрана. Непријателот извршил и повеќе воздушни напади, меѓу другото и со дронови, па има повредени цивили, јавува украинската државна новинска агенција Ukrinform.net. Украинското воено воздухопловство извршило девет воздушни напади врз руска жива сила, складови со муниција и воена опрема, а дополнително...

Украина напредува на исток, московски аеродроми со ограничени летови поради напади со дронови

Украинските сили ги одбиваат руските напади и зазедоа неколку квадратни километри на источниот фронт во текот на изминатата недела, изјави утрово заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, а пренесува Гардијан. Малиар рече дека украинските сили напредуваат јужно од Бахмут – градот окупиран од руските сили во мај по крвава повеќемесечна борба. Заменик-министерката тврди дека во текот на минатата седмица...

Земотрес во Турција: Повредени се најмалку 23 лица

Најмалку 23 лица се повредени во земјотресот што ја погоди провинцијата Малатија во источна Турција. „23 наши граѓани, од кои 22 лица во Малатија и 1 лице во Адијаман, се повредени како резултат на пад или скок од височина“, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на Твитер. Malatya Yeşilyurt merkezli 5.3 büyüklüğündeki depremde SON DURUM: Malatya’da 22, Adıyaman’da 1 kişi...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...