fbpx
Таг: повредени

таг: повредени

Татко и малолетен син завршија во болница по пукање на свадба

Малолетник и неговиот татко се здобиле со повреди од куршум од пиштол на свадбена веселба во Охрид што се одржала вчера. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), 60-годишен охриѓанец за време на свадбата во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, каде што бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиметри. При пукањето, со повреди се...

Зеленски: Американските и германските системи за противвоздушна одбрана се многу ефикасни

Системите за противвоздушна одбрана донирани на Украина од Германија и САД веќе дадоа значителни резултати, соборувајќи значителен број руски ракети и беспилотни летала во текот на минатата недела, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање. Американскиот „Патриот“ и германскиот „Ирис-Т“, според Зеленски, биле моќни и многу ефикасни системи, пренесува Гардијан. „Овде, на нашето небо, можеме да докажеме дека теророт...

Tри тешки сообраќајни несреќи за едно деноноќие, повредени се и малолетници

Во изминатото деноноќие во Битола, Струга и Гостивар се случија три тешки сообраќајни несреќи во кои возачи и сопатници се здобиле со тешки телесни повреди. Министерството за внатрешни работи соопшти дека три лица од кои двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа  која вчера во 10.05 часот се случила на крстосница од ул.„Довлеџик“ и крак од ул.„Довлеџик“ во Битола. Во несреќата...

Жена и дете починаа во сообраќајка во крушевско, повредени уште две деца и возачот

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера попладне на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), околу 17 часот било пријавено дека на местото викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 35-годишен жител на селото Канатларци, излетало надвор од коловозот. По несреќата, двајца од сопатниците биле пренесени...

Украинските хирурзи се соочуваат со бран од ранети војници од почетокот на контраофанзивата

Болницата „Мечников“ во источна Украина е сведок на мрачните последици од војната, додека ранетите војници пристигнуваат на носилки од линијата на фронтот. Напливот на жртви се случува истовремено со големата контраофанзива на Украина за враќање на нејзината територија што моментално е под руска контрола. Хирурзите во болницата „Мечников“ работат неуморно, изведувајќи од 50 до 100 операции секоја вечер. Болницата...

Кијив повторно напаѓан цела ноќ, но руските дронови не нанесоа штети

По речиси цела ноќ руски напади со дронови, околината на Кијив, главниот град на Украина, сепак помина без штети и без повредени. Биле користени јуришни дронови, неколкупати во ноќта била прогласувана тревога, но украинската противвоздушна одбрана сепак успеала да ги неутрализира дроновите, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. „Минатата ноќ, непријателот повторно го нападна регионот Кијив со јуришни дронови. Неколкупати...

Кијив повторно нападнат со дронови, трета ноќ по ред

Ноќеска, трет ден по ред, украинскиот главен град Кијив беше повторно цел на руски напади, при што украинската противвоздушна одбрана неутрализирала десетина непријателски летала, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на Воената администрација на градот Кијив. „Три дена по ред, Кијив беше нападнат со Шахиди (дронови произведени во Иран). Минатата ноќ беше извршен најголемиот напад со ирански дронови....

Тројца загинати во руски ракетен напад врз Одеса

Тројца цивили загинаа, а седуммина се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса што се случил синоќа, објави Укринформ, повикувајќи се на украинското Министерство за внатрешни работи. Мета на проектилите биле складиште, деловен центар, станбен комплекс и продавници. Украинската јужна команда предупреди дека е можно луѓе сè уште да се заробени под урнатините на местата на нападите. За време на своето...

Британско разузнавање: Украина навлезе во првата линија на руската одбрана во некои области

„Значајни“ украински операции во неколку места во источна и јужна Украина се случиле во изминатите 48 часа, се вели во најновиот разузнавачки извештај на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство пренесен од „Гардијан“. „Во некои области украинските сили веројатно постигнале добар напредок и навлегле во првата линија на руската одбрана. Во други, украинскиот напредок е побавен“, се вели во извештајот...

СЗО предупреди на епидемија на колера во поплавените делови од Украина

Најмалку едно лице загинало, а неколку се ранети во руските воздушни напади врз Украина што се случиле во текот на изминатава ноќ, информираа украинските власти, а пренесува Укринформ. Еден цивил е убиен, а тројца се ранети во градот Звјахел во регионот Житомир. Според првичните информации, уништени се шест згради, а уште десетици се оштетени. Украинската војска соопшти дека соборила четири од...

Тринаесет повредени, вклучително и три деца, по руски напад во регионот Днипропетровск

Во украинската област Днипропетровск, руска ракета погоди двокатна станбена зграда, при што беа повредени најмалку 13 лица, меѓу кои три деца. Веста за нападот и повредените на војот Телеграм канал ја објави Серхи Лисак, шеф на регионалната воена управа на Днипропетровск, пишува Укринформ. „Експлозија одекна во населбата Пидородне во областа Днипро. Оштетена е двокатна станбена зграда. Луѓето остануваат под урнатините“, напиша...

Бројката на жртви во железничката несреќа во Индија се искачи на најмалку 288

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за железничката несреќа во источна Индија ќе бидат „казнети строго“, порача индискиот премиер Нарендра Моди, кој го посети местото на несреќата во источната индиска држава Одиша, јави Би-би-си. Трагичниот биланс, пак, се искачи на најмалку 288 загинати и над 1.000 повредени. Попладнево по македонско време, односно навечер по индиско, завршена е и акцијата...

Обвинителството извршило увид, несреќата кај Кадрифаково предизвикана од возилото во кое биле загинатите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и увидни екипи на МВР извршиле увид на автопатот Штип-Миладиновци, каде вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубија три лица. Според првичните информации што Обвинителството ги сподели со јавноста, до несреќата дошло кога автомобил „Шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале...

Тројца загинати, меѓу кои и 11-годишно девојче, во руски ракетен напад врз Кијив

Три лица загинаа, меѓу кои и 11-годишно девојче, во нов ракетен напад што Русија изминатава ноќ го извршила врз Кијив, пренесува Би-би-си. Украинската новинска агенција Укринформ, пак, повикувајќи се на најновите податоци од Националната полиција на Украина, објави дека девојчето имало 9 години. Во нападот наводно биле вклучени 10 проектили со краток дострел „Искандер“, а сирените за предупредување се вклучиле...

Руската рафинерија за нафта во Краснодар во пламен, нападнат и Белгород

Еден ден откако Русија ја обвини Украина дека испратила беспилотни летала за да напаѓа згради во Москва, гувернерот на руската област Краснодар рече дека беспилотно летало е најверојатно причина за пожарот што избувна во нафтената рафинерија Афипски. Пожарот набрзо бил изгаснат и во него нема жртви, изјави гувернерот Вениамин Кондратиев, а пренесува Укринформ. Рафинеријата Афипски се наоѓа недалеку од црноморското пристаниште...

Се очекува повлекување на полицијата во Звечан до 15 часот

Четворицата Срби што беа приведени вчера по немирите пред општинската града во Звечан ќе бидат пуштени, а до 15 часот ќе бидат повлечени и припадниците на косовската полиција, јави онлајн-медиумот „Косово Север“. Вчера попладне дојде со судир меѓу Србите и КФОР пред зградата на општината во Звечан, во кој беа повредени десетици граѓани и 25 припадници на КФОР. https://meta.mk/megjunarodnata-zaednica-so-ostra-osuda-za-nasilstvata-vo-zvechan-na-kosovo/ По преговорите синоќа...

Дронови оштетија згради во Москва, во Кијив трет напад за 24 часа

Русија ја обвини Украина дека извршила серија напади со беспилотни летала рано утрово врз Москва. Руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека Кијив организирал „терористички напад“ користејќи најмалку осум дронови, пренесува Би-би-си. Градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин, вели дека е причинета штета на неколку згради, но дека никој не е сериозно повреден. Министерството за одбрана на Русија тврди...

Кијив втора ноќ под воздушни напади, руски ракетни носачи во Црното Море на готовс

Во воздушни напади утрово, Русија погоди воена цел во западниот украински регион Хмелницки, а спасувачите сè уште се борат да ги локализираат пожарите, јавува „Гардијан“. Повикувајќи се на изјава на регионалниот гувернер на Хмелницки на апликацијата за пораки Телеграм, Ројтерс објави дека во моментов се ставаат под контрола пожарите во складишта за гориво и муниција. Во меѓувреме, украинскиот главен град ја...

Вооружена група го нападна рускиот пограничен регион Белгород, Украина отфрла одговорност

Вооружена група преминала од Украина во рускиот регион Белгород, каде во судири биле повредени голем број луѓе. „Легијата на слободата на Русија“, која себеси се опишува како милиција против Кремљ, вели дека сака да ја ослободи Русија од Владимир Путин. Борби избувнаа долж руско-украинската граница, откако самонаречените руски партизански сили тврдат дека за првпат во војната презеле погранично село во...

Ранети две лица во престрелка во Белград, едното е македонски државјанин

Две лица на возраст од 20 до 30 години биле ранети вчера пред ресторан за брза храна на улицата Максим Горки во Врачар, Белград, пренесуваат српските медиуми. Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во грбот, случајно ранет во престрелката...

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...