Бројката на жртви во железничката несреќа во Индија се искачи на најмалку 288

Индискиот премиер Моди откако го посети местото на несреќата, која ја нарече „болна“, посети некои преживеани во болниците

-

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за железничката несреќа во источна Индија ќе бидат „казнети строго“, порача индискиот премиер Нарендра Моди, кој го посети местото на несреќата во источната индиска држава Одиша, јави Би-би-си.

Трагичниот биланс, пак, се искачи на најмалку 288 загинати и над 1.000 повредени. Попладнево по македонско време, односно навечер по индиско, завршена е и акцијата за пронаоѓање и спасување на преживеаните, бидејќи, како што велат властите, сите преживеани се спасени.

Се уште е нејасна точната причина за несреќата во која учествувале три воза во Балисоре, која е најтрагичната железничка несреќа во овој век во Индија.

Според властите, неколку вагони од патничкиот воз „Коромандел Експрес“ што сообраќал меѓу Колката (порано Калкута) и Ченаи (порано Мадрас) во 19 часот вчера се излизгале од шините, и удриле во товарен воз што стоел. Тогаш неколку негови вагони биле исфрлени од шините и завршиле на соседниот колосек. Тогаш патнички воз што сообраќал во спротивна насока од првиот патнички воз налетал на излетаните вагони, пишува Би-би-си.

Индискиот премиер Моди откако го посети местото на несреќата, која ја нарече „болна“, посети некои преживеани во болниците, ветувајќи дека владата „нема да жали ништо за лекувањето на повредените“.

Инаку, најголем дел од најтешко повредените се однесени и уште се носат во болницата СЦБ во градот Кутак, кој е на три часа возење од местото на несреќата.

Најмалку 238 загинати и 650 повредени во страотна железничка несреќа во Индија

 

ИзворБи-Би-Си

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...