fbpx

Руската рафинерија за нафта во Краснодар во пламен, нападнат и Белгород

Рафинеријата Афипски се наоѓа недалеку од црноморското пристаниште Новоросијск, во близина на друга нафтена рафинерија која овој месец беше нападната неколку пати

-

Еден ден откако Русија ја обвини Украина дека испратила беспилотни летала за да напаѓа згради во Москва, гувернерот на руската област Краснодар рече дека беспилотно летало е најверојатно причина за пожарот што избувна во нафтената рафинерија Афипски.

Пожарот набрзо бил изгаснат и во него нема жртви, изјави гувернерот Вениамин Кондратиев, а пренесува Укринформ.

Рафинеријата Афипски се наоѓа недалеку од црноморското пристаниште Новоросијск, во близина на друга нафтена рафинерија која овој месец беше нападната неколку пати.

Артилериски напад се случил и во областа Белгород во Русија, пренесува „Гардијан“. Поточно, во градот Шебекино повредено е едно лице, а гувернерот на Белгород го обвини Кијив за нападот.

Нема непосредни информации за тоа кој ги започна нападите во Русија, но Москва го обвини Кијив за повеќе напади што се случија последниве недели, истовремено зголемувајќи го интензитетот на руското гранатирање врз украинските градови.

Руските сили вчера убиле еден цивил и повредиле уште шестмина во најновите напади во регионот Доњецк, јави Укринформ.

Едно лице загинало и во нападите со руски дронови во Кијив, а ранети биле четворица, информираа украинските власти, а пренесе „Гардијан“.

Петмина повредени има и во нападите врз регионот Херсон, кој руските сили вчера го нападнале 49 пати.

Осумгодишно момче било повредено во нападите со беспилотни летала во областа Днипропетровск.

Руските сили вчера извршиле 69 напади врз 17 населени места и во областа Запорижја, јави Укринформ.

Инаку, Украина ја отфрли одговорноста за нападот со дрон што вчера се случи во Москва, но Кијив речиси и никогаш јавно не презема одговорност за нападите во Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...