fbpx

Се очекува повлекување на полицијата во Звечан до 15 часот

-

Четворицата Срби што беа приведени вчера по немирите пред општинската града во Звечан ќе бидат пуштени, а до 15 часот ќе бидат повлечени и припадниците на косовската полиција, јави онлајн-медиумот „Косово Север“.

Вчера попладне дојде со судир меѓу Србите и КФОР пред зградата на општината во Звечан, во кој беа повредени десетици граѓани и 25 припадници на КФОР.

Меѓународната заедница со остра осуда за насилствата во Звечан на Косово

По преговорите синоќа на претставниците на косовските Срби со командатот на КФОР, добиени се гаранции за пуштање на притворените и повлекување на полицијата, објаснува Драган Недељковиќ, член на Привремениот орган на општина Звечан.

Инцидентот во кој беа повредени десетици граѓани и 25 припадници на КФОР се случи доцна попладнето пред зградата на Општина Звечан, кога насобраните Срби по повеќечасовни протести и преговори одбија да пропуштат три блиндирани полициски возила и побараа сите припадници на специјалните сили на косовската полиција да ги напуштат општинските објекти во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Косовската полиција синоќа ги обвини демонстрантите за „провоцирање на ситуацијата“, напад на полицијата и КФРО, испишување провокативни српски и руски симболи на полициските возила и на возилата на КФРО, оштетување гуми и оштетување на возилата, како и за пожар на едно возило. Полицијата ги обвини косовските Срби и за пуштање збунувачки сигнали со сирени, како и за фрлање молотови коктели и експлозивни направи, како и за пукање од оружје, јави онлајн-медиумот „Косово Север“.

Полицијата рече дека се уапсени петмина за нападите на КФОР и на полицијата, додека српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека се уапсени четворица Срби. Дека се уапсени четвори Срби вели и Недељковиќ, велејќи дека така им пренел командантот на КФОР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...