fbpx

Тројца загинати во руски ракетен напад врз Одеса

Украинските спасувачки екипи предупредија дека е можно луѓе сè уште да се заробени под урнатините на местата на нападите

-

Тројца цивили загинаа, а седуммина се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса што се случил синоќа, објави Укринформ, повикувајќи се на украинското Министерство за внатрешни работи.

Мета на проектилите биле складиште, деловен центар, станбен комплекс и продавници. Украинската јужна команда предупреди дека е можно луѓе сè уште да се заробени под урнатините на местата на нападите.

За време на своето обраќање во текот на ноќта, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неодамнешните напади на Русија врз цивили докажале оти партнерите на Украина треба да обезбедат неговата земја да има доволно системи за воздушна одбрана и модерни борбени авиони, пренесува Би-Би-Си.

САД вчера објавија дека ќе достават дополнителна безбедносна помош за Украина во вредност од 235 милиони долари, вклучително и за нејзината воздушна одбрана.

Би-Би-Си објави и дека тројца цивили се убиени и во напади во источниот регион Доњецк. Според објавата на Фејсбук од регионалниот гувернер Павло Кириленко, две лица загинале, а двајца се повредени во Краматорск. Дополнително, тој објавува дека во Костијантинивка едно лице загинало и едно е повредено.

Укринформ објави дека бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Кривиј Рих се зголемил на 12, откако 67-годишен маж починал во болница во текот на ноќта. На местото на настанот се работи на отстранување на последиците од нападот, а настраданите ја добиваат потребната помош.

Претходните извештаи сугерираа дека Русија истрелала шест проектили кон Кривиј Рих ноќта на 12 јуни. Пет од нив погодиле цивилни цели.

Украинската новинска агенција Укринформ јави и дека руската армија во последното деноноќие извршила 57 напади врз регионот Херсон, при што еден цивил бил убиен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...