fbpx

Ракетирана станбена зграда во Кривиј Рих, најмалку шестмина загинати

Руските сили вчера го гранатирале и регионот Запорижја, при што двајца цивили ги загубиле животите, а уште двајца се повредени и пренесени в болница

-

Најмалку 6 станари ги загубиле животите во ноќниот ракетен напад на петкатна станбена зграда во украинскиот град Кривиј Рих, а 12 лица се извлечени од спасителите, јави украинската државна новинска агенција Укринформ.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата. Засега нема информации за други загинати цивили во регионот Днипропетровск, каде што се наоѓа Кривиј Рих, но во регионот Донецк во руските напади загинал еден цивил, во Костјантинивка, а други пет жители на регионот биле повредени. Засега нема информации за загинати и повредени во Мариупол.

Руските сили го гранатирале регионот Запорижја 85 пати вчера, при што двајца цивили ги загубиле животите, а уште двајца се повредени и пренесени в болница.

Во текот на изминатиот ден со артилерија беа напаѓани и делови на регионот Харкив, при што се погодени и цивилни објекти.

Во меѓувреме, според Генералштабот на украинските одбранбени сили, од 24 февруари 2022, кога почна руската инвазија, до утрово, елиминирани биле 216.650 припадници на руските сили, од кои 470 во изминатиот ден.

Украинците, пренесува Укринформ, уништиле и 3.935 непријателски тенкови, 7.642 оклопни борбни возила, 3.766 артилериски системи, 601 повеќецевни ракетни ласнери, 363 системи за противвоздушна одбрана, 314 борбени авиони, 300 хеликоптери, 3.309 дронови (беспилотни летала за различна намена), 18 борбени пловила и 6.743 камиони и камион-цистерни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...