fbpx

Зеленски: Американските и германските системи за противвоздушна одбрана се многу ефикасни

„Овде, на нашето небо, можеме да докажеме дека теророт губи. Украина може да ја добие оваа битка, а нашиот небесен штит на крајот ќе гарантира безбедност за цела Европа“, рече Зеленски

-

Системите за противвоздушна одбрана донирани на Украина од Германија и САД веќе дадоа значителни резултати, соборувајќи значителен број руски ракети и беспилотни летала во текот на минатата недела, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.

Американскиот „Патриот“ и германскиот „Ирис-Т“, според Зеленски, биле моќни и многу ефикасни системи, пренесува Гардијан.

„Овде, на нашето небо, можеме да докажеме дека теророт губи. Украина може да ја добие оваа битка, а нашиот небесен штит на крајот ќе гарантира безбедност за цела Европа“, рече Зеленски во своето обраќање само неколку часа откако Русија изврши напад врз Украина во кој загинаа шест лица.

Москва истрелала 65 различни проектили и 178 беспилотни летала врз Украина во изминативе седум дена.

Изминатово деноноќие руски војници го гранатирале регионот Запорижја 69 пати, при што биле оштетени 15 објекти, објави Укринформ. Напади имало и во областа Херсон, каде биле повредени четири лица.

Украинската новинска агенција објави дека поранешниот пратеник на четвртото свикување на украинската Врховна Рада, Серхиј Слабенко, загинал борејќи се за Украина.

„Народниот пратеник Серхиј Слабенко од 4-тото собрание загина во битката за независност на Украина во областа Запорижја“, се вели во извештајот.

57-годишниот Слабенко бил пратеник во периодот од 2002 до 2006 година, кога претседавал со поткомитетот за судови, судство и судски реформи на Комитетот за правна политика. Загинал на 4 август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...